Секој со своето.
Јас како врста на аутоентузијаст би земал аутоматик, башка па ако е DSG. Било каков испред мануел - ако купувам на ново кола. Мануел само за кола на старо би земал, за да не испаднат проблеми со аутоматикот.
Дури и Поршето 911 со PDK ми прави повеќе мерак од 911 мануал, или Кајман мануал.
А за овие крузерски коли моето мислење е уште по накај автоматик. Не гледам причина да се правдам, едноставно тоа го сакам повеќе. Степенот на замарање и поголем со мануелен менувач, а мене ми помина времето кога сакав да се замарам. Едина негативност за автоматик за мене е што е скап на ново, и расиплив за на старо. Ако имам пари да го купам на ново, секако дека би го купил.
Моментот со Суперб е што дава просторност како во доста поголемо возило од Маздата 6 или Октавијата. Просторност во која 4 возрасни луѓе може да патуваат во огромен конфор. Прво и за мене важно тие напред може да си го однесат предното седиште бајаги наназад за да седат конфорно, без да се замараат дали тие позади имаат место. Супербот е една од единствените коли која го нуди тоа. Ако сакаш да го добиеш тоа во квалитет кој е добар во изработка и мотори треба да одам на Е класа, или BMW 5ка. Иако тие нудат некои работи над Супербот, за цената тој ги шие зошто е двојно поефтин од нив. И пак пред се нуди повеќе простор дури и од нив. А тоа мене ми е важно. Во барем една од колите во поблиската фамилија, за да може по потреба да се земе тоа возило за да се оди на викенд или одмор - која активност многу често ја практикувам со друштво.
Кога ќе им текне на производителите дека освен корејци и кинези, во колите кои ги произведуваат треба и луѓе да се возат тогаш ќе правам муабет со нив. Неможе според мене да купам кола за крузање на 4 особи (како Мазда 6) а внатре да нема соодветно место за 4 особи. Тоа за мене е недозволиво. Можеби барам премногу, но начинот на работа на Шкода и користењето на просторот кој им е даден е одличен. Тоа мене многу ми се допаѓа. И затоа реков дека ќе е одлична колата и пред да искочи - затоа што ценам по претходникот. Со оглед на тоа што една негативност на претходникот беше изгледот, а сега е подобрен. И згора на изгледот има нешто повеќе простор и внатре и во гепекот. Одлични вести според мене. Ако ја земам старата Суперб која мислам дека е фантастично возило, и го направам поубаво и малку попространо, резултатот ќе биде подобар од она што претходно за мене било фантастично. Тоа е како кога ќе земеш некој стан од 110 квадрати и ќе го издизајнираш добро да личи и функционира како да има привидно 130 квадрати (тоа е во супербот). А кај останатите прозиводители, истиот стан од 110 квадрати во истата зграда го прекроиле на безвезен начин да изгледа и функционира како да има 90 квадрати. Иако тие се исти на хартија, едниот стан е далеку попростран од другиот визуелно и функционално. А тоа јас го сакам. Пак ќе кажам, сакам една кола за на пат. Суперб е соврешна кола за на пат, за парите.
П.С. Да се надоврзам на ентузијазмот. Ми се допаѓа GT86 заради просторот за привидни 4 луѓе, односно 2 луѓе и поприлично багаж зад нив. Добра цена има, и одлично изгледа. Над тоа веќе Камарото и Мустангот го преземаат приматот, и си го задржуваат.