Автор Тема: Автомобилски Новитети  (Прочитано 2236112 пати)

Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #9480 на: 23 Март 2015, 22:45:47 pm »
Горе доле у право си, само ете ја сум сигурен дека колку што е попрактичен и поубав од претходникот, толку ќе биде и подосаден за возење. Што ќе ми е простор кога колата нема да ми пружи никаков driver's involvement ако ми е daily driver. Решението е ново Exeo на mqb платформата со цел да биде со спортски карактер како и секој сеат. Немам ништо против ВАГ, многу потенцијал има во таа платформа, се надевам дека ќе избацат и Exeo.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #9481 на: 24 Март 2015, 08:39:10 am »
Знаев дека одма ќе биде спомнат DSG автоматикот :) И да, тоа е единствената предност на пасатот. Двете коли имаат 4.5 оценка на Carbuyer, да имаше маздата подобар автоматик сигурно ќе имаше повисока оценка(највисока во класата). Ја затоа кажав од аспект на ауто ентузијаст, нели тука сите сме ауто ентузијасти? И крај краева тоа е релативен недостаток за автоматикот, не секој сака автоматик да вози. За мене маздата со менуал пред било каков пасат.

Пасатот има подобар мењач, поквалитетно склопен ентериер, подобри пластики и материјали, на некои места значително подобра ергономија (мењање радио станица на Маздата е процес), во највисокото ниво на опрема забележливо подобри седишта (кај Маздата долниот дел е типично јапонски краток), поголем багажник (590 вс 520 литри), итн, итн, итн.

Од друга страна, Маздата изгледа поинтересно и полуксузно (и луѓе се вртат по неа на улица), подинамична е за возење (што е и within рамките на очекуваното) но не е дека Пасатот е трупец во споредба.

Всушност, баш Matt Wilson од CarBuyer на тестот на Passat Estate кажува дека "it also handles very well. It does that VW thing where it goes exactly where you point it, just sticks to the road like glue, it's completely unflappable", али после потенцира дека не е толку забавен колку Маздата.

Знам дека е, иако не сум возел. Сепак за забава пресудно е директно управување со фидбек, и шасија. Тоа се знае кој го има, а и рачниот мењач у маздата во сите тестови прочитав дека е MX-5 like

Рачниот мењач кај Мазда 6 е одличен. Треба да пробам Пасат ро рачен мењач, али сигурен сум дека кај Маздата ќе биде подобар.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #9482 на: 24 Март 2015, 14:02:28 pm »
Ако сум авто ентјузијаст тоа не значи дека ако преферирам Пасат зошто има подобро/поквалитетно склопен ентериер кој во годините на амортизација всушност ќе го докаже самиот квалитет на ентериерот (пример), не ме прави помал ентјузијаст од некој што има Мазда 6 и ја купил зошто е позабавна во кривини. Почит и за едниот и за другиот. Мислам дека герално согласноста укажува дека Маздата изгледа навистина привлечно кога е споредена со Пасат.

Еве јас себе си се сметам за голем ауто енјтузијаст и преферирам нов Пасат (ДСГ) место Мазда 6. Секој со своето, нормално.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #9483 на: 24 Март 2015, 14:35:15 pm »
Така де, секој на свој начин си го ентерпретира ентузијазмот. Некој сака да вришти по стаза, некој сака да круза по ривиера, некој сака да истресе камења од бубрези во кола, некој сака да лебди.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13856
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #9484 на: 24 Март 2015, 15:02:13 pm »
Некој сака се :) Пример замисли ситуација, одиш на отворен ден на стаза Monza ...после одиш на север до Комо и Швајцарија и крузаш.

Е сеа тресење камења...gravel...no...

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #9485 на: 24 Март 2015, 15:47:15 pm »
Со еден мочан Мицубиши Лансер ми се напраи филмот како никогаш до сега. И низ Германија, и низ Австрија, и низ Словенија, и низ Италија... Верувам дека со подобра кола би ми се направил уште повеќе филм, ама разберете дека не е се’ до колата, туку дека е до сплетот на околности.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #9486 на: 24 Март 2015, 16:08:36 pm »
Сплетот ќе биде многу подобар со 458 спајдер рецимо ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #9487 на: 24 Март 2015, 16:09:55 pm »
Сплетот е најдобар ако е реално остварлив.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16710
  • Keep it 100
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #9488 на: 24 Март 2015, 20:36:25 pm »
Новиот Jaguar XF




Ја дотерале задницата, али малце ја зезнале предницата. Ипак и овој модел изгледа убаво!

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #9489 на: 24 Март 2015, 20:43:36 pm »
Не велам дека не е убав, дури можда и поубаво од XE заради поголемите димензии.

Само ме нервира кога се штанцаат нови модели по "VAG-ов принцип на копирање".
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #9490 на: 24 Март 2015, 20:57:52 pm »
Е нема веќе драстични разлики во различните моделски изведби на коли од иста генерација. Фарови, маски и сл, само resize е направено и шлапнато кај сите останати модели.

Еве на пример од слични години на производство се следниве модели кои врска си немаат една со друга (визуелно):










Наспроти:










Не дека се лоши Маздиве, да не ме сфати некој погрешно.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16710
  • Keep it 100
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #9491 на: 24 Март 2015, 21:04:06 pm »
Така си е. Се поголем број на брендови ги прават моделите да се разликуваат само по големина, а однадвор да изгледаат речиси исто.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #9492 на: 24 Март 2015, 21:10:52 pm »
Си ги распознаваат ли дизајнерите моделиве кога ќе ги видат на паркинг?

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #9493 на: 24 Март 2015, 21:15:41 pm »
Ризик е фар да купуваш за новиве модели. Во продавница ќе ти изгледа ист, монтирај - не фаќа. ;D

Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #9494 на: 24 Март 2015, 21:20:40 pm »
Лејјјј тапа! Баш очекував нешто посмело барем кај овој модел, за XE паметно одиграја со дизајнот ради важноста на моделот, ама ова не им требаше. Да таков е трендот, ама Јагуар не треба да следи такви трендови зашто треба да ја задржи репутацијата на поексклузивен бренд.