
Технологијата на привремено гасење на цилиндарите не е некаква новост, а донеодамна се наоѓаше само на престижните модели со осум и повеќе цилиндари.
Сепак, се построгите еколошки норми во пакет со се поскапите нафтени деривати резултираа со тоа од скапоцените течности да се настојува да се истисне и последниот атом енергија. Најдобар начин? Развој на технологијата. Во VW и натаму му веруваат на добриот стар Otto и со својот нов мотор докажуваат дека не се само дизелашите штедливи.
1.4-литарскиот четирицилиндричен TSI бензинец Германците го опремиле со технологија за деактивација на непотребните цилиндари која ја намалува потрошувачката за 0.4 литри во комбиниран циклус. Впарен со технологијата star-stop, тој мотор ќе потроши до шест децилитри помалку гориво во однос на обичниот 1.4 TSI.
Гасењето на третиот и четвртиот цилиндар дава најдобри резултати при одржување на константна брзина од 50 km/h во трета или четврта брзина, кога моторот троши дури литар бензин помалку. Парот цилиндари се дезактивираат во распон од 1400 до 4000 вртежи во минута, а се активираат речиси моментално доколку се укаже потреба за нагло забрзување или поголема брзина.
Новиот мотор ќе се најде во поставата на Volkswagen веќе во почетокот на следната година.