Не дека и фали нешто, освен што е свртена накај возачот. Но, кај овие димензии на таблети во колите мислам дека треба веќе да се почне да се размислува со мозокот повеќе. Неможе да е се плукни залепи. Преголем е за да стои празен! Значи секогаш кога ќе се отклучи колата, па се додека се заклучи - на таблетот треба да има нешто прикажано. Несмее да е црно. Потрошувачката и така е микронска, така да не е проблем. Само идејата е проблем. Зошто на сите слики од колата да биде црн, и кога ќе влезеш во кола да те чека црна плочка, наместо да си има како што треба нешто нацртано или некои основни параметри прикажани. Прогноза ли, надворешна и внатрешна температура и саат, притисок на воздух на пример, крај краева нека е едно мочано Велкм. Или според саатот нека избере Гуд Морнинг, деј или ивнинг...