Вчера бев на промоција на Mercedes GLA и новата C Класа.
Само седнав во едната и во другата кола, немаше можност и да се проба.
Mercedes GLA
Морам да признаам дека изгледа прилично складно, спортски а во исто време СУВ.
Доста е некако спортски дизајниран, и од надвор стварно фино изгледа.
Внатре, има доза на луксуз, ама на спортски начин, а во исто време делува практично со доста употреблив багажен простор.
Што не ми се допаѓа:
- Стварно не разбирам што прават Мерцедес со тоа натакнатиот "TABLE LIKE" дисплеј. Делува ко евтин кинески натаканат таблет. Мене ми е одвратно
- Отворите за вентилација се со некаква пластика што ме асоцира на нешто евтино, и неквалитетно. Кога ги вртиш осеќаш како крцкаат
- Пластиката на воланот е некако крцкава и се поместува
- Изгледа дека не опција за Алкантара на седишта (мада кожата им изгледа одлично).
- Наслонот за лакт не се подесува по висина, и за мој начин на седење не успеав да го однесам доволно напред.
- Автоматскиот менувач е со рачка на самиот волан. Има брзина напред/назад ама исто на самиот волан.
За ова не знам дали е добро или лошо што нема опција за рачката да биде во средина каде што и припаѓа. Ама можеби при возење ова е доволно добро, па нема потреба за по конвенционален начин на позиционирање на рачката. Тука тој простор е искористен за разни фиоки и слично.
Mercedes C класа.
Од надвор изгледа фантастично. Многу елегантно и складно. Не ми се допаѓа само што долниот дел од предницата има сребрена долна лајсна што ми делува по малку кич
Внатре:
- Пијано финиш (верзијата во која седнав). Ми делува тотално кич, евтино. Уште скроз нова кола се познаваат ситни гребаници на пијано финишот, и прашина. Како ли ова ќе изгледа после 3-4-5 години?
- Натакнатиот кинески таблет лајк дисплеј. Кој ли ова го смислил, и кој ова го одобрил да го вградуваат?
Самата кола изгледа модерно, елегантно и по малку конзервативно. Не знам само зашто надворешниот софистициран изглед го уништуваат со релативно евтина на изглед внатрешност (можеби ако не беше тој Пијано Финишот немаше да го имам ова мислење).
Инаку свратив и до Митсубиши делот, и го видов ASX -oт на промоција. Станува збор за INVITE+ Пакет на опрема
Еве што има во него:
http://www.mitsubishimotors.mk/uploadedFiles/Parent_Site/General_Contents/Akciski%20Cenovnik%20za%20ASXMY14.pdfКако што можам да приметам во ценовникот имаат само ASX со Invite+ , па веројатно го форсираат овој пакет на опрема.
Разгледав и Mitsubishi Pajero и ми личи дека во таа класа е и те како вреден за размислување (мене лично ми е преголем и прескап за моите финансиски можности. Меѓутоа стварно делува дека е сериозна конкуренција на другите во оваа класа).
Интересно е што ми кажаа дека планираат да носат Hibryd Outlander , кој во суштина би возел главно на електро мотор. Има помошен бензиски мотор од 100 кс, ама тој би се користел како помошен а не главен мотор.
Полнењето би било на струја, или при кочење и слично.
Ако добро се сеќавам гаранција на батериите би биле 7 години да имаат до 80% од капацитетот , а нови батерии околу 5000 еур.
Толку од мене од овој настан