Многу фали вакво нешто во Европа. Сигурно можеле малку да се позанимаваат со V8 моторот да биде компатибилен за тука, ама полесно им било да шлапнат екобуст. Барем ќе троши многу малку. Сепак ова возило е баш она што е потребно во Европа. Во моментов само BMW и мерцедес нудат нешто налик ова по доста високи цени. Во Америка ова е многу ефтино, но не се знае како ќе се продава во Европа. Сигурен сум дека цената ќе е многу повисока отколку онаа во Америка.
Купето на BMW почнуваше од 36.000 евра. Сега е сеуште нов моделот па затоа е 40.000. Доаѓа со доволно опрема.
Мерцедес Ц купе е околу 35.000 евра, со поголем мотор доаѓа 45.000 слично како и BMWто.
Мерцедес Е купе со 306 кс е 60.000 евра.
Зависи на која позиција ќе нападнат таква ќе е цената. Ако се рекламира како закон возило ќе оди по цена од 25.000 евра. Ако се рекламира како маслкар ќе оди по истата цена. Ако се рекламира како Мондео купе ќе биде исто толку...
Ама почнат ли ексклузивност и дизајн да рекламираат и летна колата 15.000 евра нагоре. А осеќам дека ова ќе се деси. Нема да биде онаа прекрасна афордабл Форд кола со моќен мотор, туку дизајнерско парче железо кое се носи околу вратот. Како првото Ауди TT. Ако испадне така џабе сите надежи дека ќе возиме убави нови коли ефтино, туку фордов ќе биде големо Мини, односно голем Фиат 500.
И сите ќе продолжиме да купуваме Мерцедес стар 3-5 години. Времето ќе покаже.