INFINITY СО НОВА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ
Компанијата Nissan покажа технологија под името Steer-by-wire, во која сите механички елементи на управувањето со возилото се заменети со електронски. Новиот систем ќе биде применет кај некои модели Infiniti следната година.

Според претставници на Nissan, системот Steer-by-wire ќе овозможи управувањето да стане попрецизно и поостро, бидејќи електричните сигнали ги пренесуваат информациите на тркалата далеку побрзо отколку традиционалните механизми. Освен тоа, поради недостаток на механички врски, нерамнините на патот нема да се пренесуваат на управувачот и на тој начин автомобилот ќе поминува низ нив без проблеми за возачот.

Како дел од технологијата Steer-by-wire компанијата развива и систем за одржување на идеална линија за време на возењето. Таа ќе работи врз основа на податоците добиени од специјална камера, поставена на ретровизорите во внатрешноста. Таа ќе може да ја дефинира линијата на движење и при напуштање на зададената траекторија ќе може да се прилагоди на позицијата на возилото. Ова ќе заштеди доста напори на возачите при патување на долг пат.

Сите возила, опремени со системот Steer-by-wire, ќе го задржат и класичниот механизми, на кој досега се сметаше. Тој ќе се активира, ако новата електронска технологија откаже за време на возењето.
http://avtoplus.mk/vesti/zanimlivosti/infinity-so-nova-tehnologija-za-upravuvanje-