BMW го претстави Z4 Zagato CoupeBMW произведува купе верзии на неговата Z роадстер серија уште од доцните 1990-ти, а откако го замени мекиот со тврд покрив во втората генерација на Z4 многумина претпоставуваа дека овој потег ќе значи крај за Coupe моделот.
Но, BMW претстави нова студија за Z4 Coupe дизајнирана од познатото италијанско студио Zagato. Па, дали визијата на Zagato е само концепт или BMW има планови моделот да се најде во сериско производство?
За почеток, BMW не го употребува зборот „концепт“, a автомобилот го референцира едноставно како Zagato Coupe. Понатаму, BMW и Zagato велат дека ова не е статична студија, туку целосно функционален модел кој е регистриран за употреба на патиштата. Автомобилот веќе е и возен на всоки брзини на тест патеката на BMW.
http://kajgana.com/bmw-go-pretstavi-z4-zagato-coupe