E-Golf.
Аха и уште една лепотица денеска! Е ова е петок!

Шестата генерација на популарната „тројка“ веќе пристигна и кај нас. Како и во светот, така и кај нас, овој модел треба да бите повторно носечки во продажбата, па затоа како што велат во Маккар многу им значи пристигнувањето на ова издание.
Новата „тројка“ донесува нов облик. Стилот е многу близу до мошне успешната нова генерација на „петката“, што е сосема разбирливо, бидејќи моделот „жнее успеси“! Како, што тоа е вообичаено со секоја нова генерација, така и овде новата има многу поголеми димензии од старата. Предниот траг на тркалата е поширок за 37 mm, а додека задниот за 47 mm. Вкупната должина на каросеријата е поголема за 93 mm, а меѓуоскиното растојание порасна за 50 mm. Од дополнителните сантиметри ќе профитираат патниците, особено на задната клупа, за која имаше забелешки кај претходната генерација. Новата „тројка“ е со поголеми димензии, но за 40 килограми полесна.