Одличен дизајн, логичен чекор напред од постоечкиот модел. Гледајќи ја гамата на КИА (новите модели), се вклопува во концептот на препознатливост на брендот. Не би се замарал со тоа дали личи на овој или оној модел, секој нов модел од било кој бренд , што и да извади , ќе најдете препознатлива линија од некој друг постоечки, на пример се сетив кога излезе новата Астра, па имаше куп коментари дека е копија на Алфа Ромео,и.т.н.
Генерално, ми се допаѓа стилот на Шреер, дизајнира модели кои се по вкус на Европскиот пазар, а тоа се гледа и со големите скокови во продажба на КИА секоја година . Технички одлични машини,со новиот дизајн сликата е комплетна.