Само странско слушање си треба.
Напротив.
Имаме ние и тоа како квалитетно домашно.
Иронијата е што покрај цела квалитетна домашна и странска музика, која за разлика од порано, сега ја имаме со три клика на јутуб, некој сето тоа ќе заобиколи и ќе укуца Дино Мерлин, Аца Лукас, Сако, Дадо Полумента, Гога, Мога, Стоја, Моја, Ацо Пејовиќ и слична фекалија.
И не се работи за вкус.
Не може Жикина Динаситија и Интерстелар да се "прашање на вкус".
Се работи за способност да се раздвои квалитет од шунд, такозвани булшитметар интелект кој, ако не е всаден кога те воспитувале како мал, сега, како возрасен ниту една диплома, магистарска, докторат, стан, кола, облека, саат, парфем или 5 златни алки кога возиш со лактот надвор не може да го компензира.
И не, не значи дека тие што го слушаат, свират и контаат Колтрејн, Стравински и Рахмањинов се "над" другите што ја слушаат Драгана Миркович.
Уназад 20 години свирење сум запознал еден куп турбо фолкери, народњаци .... абе срциња и души од луѓе и тешки ѓубриња од џезери и класичари кои цел настап ти го гледаат со една подигната веѓа.
Али, дури и при основна комуникација разликата во интелектот меѓу едните и другите е неспорна, независно што првиве имаат 9 пати поскапа музичка опрема од вториве, а и облека.
Што се однесува до балканскава легенда, знам само дека надвор од балканов не може ни машки тоалет да наполни со публика, макар и без пари да им пее.
Да знаат аудио инжинериве од Harman Kardon, B&O, Bowers & Wilkins, Burgmester за каква музика на нашиве простори им амортизираат прекрасно озвучење или ќе дојдат со голи раце да го искорнат од кола ики колективно ќе се обесат на плоштад.
