Очекувам слични перформанси со Peugeot 308 225 - нешто над 7 секунди до 100, 235-240 Vmax. Евентуално ако нешто штелнат дополнително, па извадат нијанса подобри перформанси.
Во секој случај, многу фина конфигурација е ова. Комотно проаѓа околу 50-55 километри на струја, а судејќи (повторно) според 308 PHEV 225 кое го возев на лансирањето во Франција прошлата година, ќе вози одлично.