Искрено моментално во Македонија сметам дека се исплаќа електрично возило само за градски разнесувач или за возило коа низ град поминува голема километража на дневно ниво(такси, достава, комерција.... итн).
До пред некое време беше добро што на бесплатните ЕВН полначи поставени низ градов (1 во Велес) можеше да си го оставиш возилото цела вечер и скоро бесплатно да го возиш, но и таму сменија сега и направија 1 час максимум да е, па се изгуби и таа предност, особено зошто полначот е од поспорите.
Друга финансиска предност немаат кај нас, со оглед на цената по која што се продаваат.
Ај и тоа со блоковите се избегнува ако само навечер се полни, но дома. На индустриска струја прескапо е секако било на регулиран или на слободен пазар.
П.С. Една голема фирма за дистрибуција на роба за голема потрошувачка земаа Е-Партнер пред скоро 1 година и беа презадоволно заради тоа што возилото си го исплаќаше лизингот речиси само. Грубо трошеле 2000 денари инаку за дизел дневно, а вака тој трошок им беше 0 заради тоа што го полнеа секоја вечер на ЕВН полначот, сега малце им се смени математиката но верувам дека пак е поисплатливо него ли класичен дизел.