Супер е ибицата, баш добро што не ја унаказија од надвор, туку ја оставија убава. Погубниот дел е цената, катастрофалниот мотор 1.0, и слабиот избор на останати мотори.
Дизајнерски и натака убав модел тоа стои, но што е катастрофално кај 1.0 моторот и зошто мислиш дека останатите мотори се лоши освен што е ускратена за хот-хеч верзија?
Се е катастрофално кај 1.0, види ја темата од тестот за Полото 1.0.
Тоа е неТСИ.
Кај тси фали 1 брзина и превисока е првата, ама е светлосни години подобар избор од 1.0. Отровно скапо сепак.
Дизел или 1.5тси па тек којзнае колку ќе чини. Има и кенгур моменти. Со ДСГ нема проблеми. Така да 1.5тси дсг треба да се избере.
На тест ја имавме 1.0тси ФР за 15500. Тоа беа времиња.
Сега гледам дека МПИ верзијата сеуште ја нудат кај Ибица. Кај Поло чинам веќе не се нуди, а дури и кога се нудеше разликата меѓу МПИ и ТСИ беше само 300евра, не знам кој не би прифатил таква доплата.
За 5 брзинскиот менувач јас сум задоволен и не осеќам дека му фали 6-та. На автопат 120км/х се врти на некои 2350 обртаи и при таа брзина е доста тивок. Сигруно дека 6 брзински би било уште подобар, но не дека и вака е лошо. На кого му фали 6та брзина ја има кај 1.0 ТСИ од 115кс.
Дизел веќе нема како опција, а кај 1.5 мислам дека до сега го решија кенгур моментот но несомнено ќе е скапа опција посебно со ДСГ.
Инаку и јас добив слична цена за ФР 1.0 ТСИ пред некоја година, малку фалеше да падне изборот на него, пред се голем плус беа фул-лед светлата кој ретко кој од конкурентите ги нудеше 2018.