Топ изгледа БМВ-то и 3ката и 4ката. Се отупе на интернет со предницата, и најсмешно е за 1 година максимум никој нема да збори за тоа. Технолошки се гледа дека инвестирале многу, особено во подвозје и шасијата како целост.
Можеле таблицата да ја интегрираат на страна како кај алфа, но џаболебари на јутуб и форуми што немаат два денари во џеб ќе им биде грда колата посекако
Да, за една година најверојатно нема да збори никој, ама нема да збори затоа што луѓе ќе се навикнат, не затоа што е добро. Парите немаат врска.
Субјективно, мене не ми се допаѓа. Колите се технолошки фантастични, и сигурен сум дека оооооооооодлично возат (базирано на искуството што веќе го имам со новата Тројка, како на пат, така и на патека), ама дизајнов... Што знам. Сè што требаше да направат е да го земат дизајнот од 8-цата (според мене, во моментов најубавиот модел на BMW и една од најубавите коли на планетава) и да го „преведат“ во 30% помала варијанта.

Каков
прекрасен дизајн.
Едит: Со тоа што, ќе напоменам дека 99% од дизајните на BMW во последниве неколку години ми изгледале подобро откако ќе ги видам колите во живо. Чекам да ги видам коливе во живо па да пресудам. Ја сум еден од оние на кои и Седмицата им изгледа добро, и Двојка Гран Купе им изгледа добро.