И сеа на крај испадна напумпани биле бројките пошто на залез бил голфот. А пред некој ден рекоа дека голф 8 се одложува за наредна година, така да ќе си почекаме.
Мислам дека од целиов муабет све ќе се сведе на исто, а ниту новиот голф ќе биде премиум ниту Шкода Скала ќе биде на рамниште со голф 7, туку како и во изминатите 30 години, голфот ќе биде мост од не-премиум кон премиум и така ќе си остане во иднина. Toa што во голф 8 ќе понудат нови технологии пред се од инфотејмент системот неможе да се смета како премиум, туку еден своевиден технолошки напредок и потврдување дека голф сеуште го носи тронот како крал во својата класа. Цената е нормална да рипне со искачање на секој нов модел, и тоа не е исклучок за голф туку сите автомобили на планетата земја, како што расте инфлација така на секои 5-6-7 години при нов модел нормално е за некоја стотка или илјадарка новиот модел да биде поскап.
За останатите што сакаат да се замислуваат дека возат премиум постои сега Шкода Карок, ВЊ Т-Крос, Сеат Арона итн. да не ги редам.
п.с.
1. За тоа колку скалата е демек како голф7 е фактот што иде со обична рачна кочница а не електронска рачна. Голф7 од 2013 иде со електронска рачна. Не ме интересира дали еднава рачна е подобра од другата туку све се сведува на оптимизирање на трошоците и затоа шкодата ќе ја продаваат со интересни симпли клевер гаџети, евтинка ќе е ама од друга страна секогаш ќе заостанува во квалитетот од поголемиот му брат вњ.
2. Актив ифо дисплејот кај Шкода Скала (за волја на вистината и кај Шкода Суперб) е скоро идентичен. Седни во актив инфо дисплеј на Голф 7 и разликата е евидентна, исто како што е евидентна кога ќе седнеш во актив инфо дисплеј на Ауди А3.
3. Хаубата кај Шкода Скала сеуште мора да се зацврсти со она стапчето, додека кај Голф имаш амортизер како господин да не се мачиш
4. Материјалот на тепихот кај Шкода Скала е истиот користен од пред 20 години како кај Голф 4 (истиов тренд го има и во Октавија)
5. Кај резервното тркало кај Шкода Скала немаш никаква изолација, туку лим.
6. Kaj вратите доле за ставање џиџи миџи немаш тепихче како кај Голф 7