Автор Тема: Автомобилски Новитети  (Прочитано 2276972 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #14790 на: 09 Април 2019, 18:34:53 pm »
Или ВАГ.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #14791 на: 09 Април 2019, 21:01:34 pm »
Не знаат ВАГ уште како треба за мал турбо бензинец.

Отсутен mushovlae

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 168
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #14792 на: 11 Април 2019, 07:51:54 am »
Добро ја скоцкале скалава,простор има,со добра опрема со 1.5 тси и дсг мерак.Само за цена треба да видиме како ке биде  :)
https://www.youtube.com/watch?v=4shjmkfd-zs

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6448
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #14793 на: 11 Април 2019, 08:53:18 am »
Тоа шпорет копчето за светлата изгледа погодено му е на ВАГ до ден денес што се користи.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #14794 на: 11 Април 2019, 09:04:05 am »
Skoda Scala во Србија со 1.0ТСИ мотор во основен модел (кој е солидно опремен) ќе се продава за 12.300 евра.


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #14795 на: 11 Април 2019, 10:14:42 am »
Skoda Scala во Србија со 1.0ТСИ мотор во основен модел (кој е солидно опремен) ќе се продава за 12.300 евра.



Нов ГОЛФ за 12.000 еур ?!?!?

Во моментов пред PORSCHE:


A „оригинал“ VW UP е само 10.000 еур....

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #14796 на: 11 Април 2019, 10:22:59 am »
Една е Скала
Застава Скала :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #14797 на: 11 Април 2019, 10:27:29 am »
Искрено, намената на Шкода Скала е да ги услужи сите оние кои ќе бидат разочарани од цената на новиот Голф 8. Од информациите што ги имам, ВФ одлучиле да го постават Голфот ценовно малку повисоко, со тоа што ќе има повеќе Хај/Тек ствари во него, и значително подобри (премиум) материјали од Голф 7.

Шкода Скала е идентична во квалитетот со моменталниот Голф 7, дури со некои по практични решенија кој што Голд 7 ги нема.

Во моментов ФВ имаат огромен проблем со Форд Фокус и Мерцедес А класа кои се продаваат фрапантно многу во западна Европа и бројките на продадени Голфови се смешни. Можеби тоа е затоа што доцни Голф 8, и затоа што ФВ имаат доста конзервативен пристап во концепирањето на Голф. Јас би рекол дека сеуште се надеваат на стара слава, дека Голф е доминантен во класата, ама бидејќи Голф 8 ќе биде во ценовен ранг сличен со Мерцедес А класа (Фокусот е повеќе во рангот на Шкода Скала), изборот на купувачот ќе биде дали да купи Голф или Мерцедес за исти пари. Бидејќи на запад возилата се зимаат претежно на лизинг и разликата од возење на Голф и Мерцедес ќе се сведе на 5 евра во месечната рата која што корисникот ќе треба да ја плаќа.

Мерцедес напраија одличен тактички потег да понудат премиум возило во сегментот каде што Голф доминираше со години, и изгледа дека сериозно ги поматија сметките на ФВ.

Ќе видиме како ќе се одвива целата приказна, ако ФВ не понудат нешто екстра во Голф 8 што ќе вреди да се даде некое евро плус во споредба со конкурентите, тогаш Шкода Скала, Форд Фокус ќе имаат фантастични резултати во продажба.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3778
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #14798 на: 11 Април 2019, 10:32:54 am »
Зарем конкурент на Мерцедес А класа во гамата на ВАГ не е Ауди А3? Зошто би сакале голф да се натрпреварува со Мерц и БМВ и со тоа да му наштетат на продажбата на Ауди.

А Скала со цената која што ти ја спомна повеќе му е конкурент на Фиат Типо, Киа Сид итн.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #14799 на: 11 Април 2019, 10:40:30 am »
Во моментов ФВ имаат огромен проблем со Форд Фокус и Мерцедес А класа кои се продаваат фрапантно многу во западна Европа и бројките на продадени Голфови се смешни.

Да бидам искрен, многу ме заинтересира баш оваа реченица. Брзински прогуглав и според carsalesbase.com (не знам колку се веродостојни информациите, па ги земам бројкиве со резерва..) дојдов до овие податоци:

Golf, Јануари 2019 - 33.043
Golf, Февруари 2019 - 31.523

Focus, Јануари 2019 - 18.449
Focus, Февруари 2019 - 17.623

А Class, Јануари 2019 - 14.167
A Class, Февруари 2019 - 11.700

Бидејќи напомена западна Европа, прогуглав и за продажни резултати во Германија во Q1 2019. Знам дека не само Германија е западна Европа, ама ете...

https://www.best-selling-cars.com/germany/2019-q1-germany-best-selling-car-brands-and-models/ - Они барем го рефернцираат KBA.

1   VW Golf    50,895
2   VW Tiguan    20,709
3   VW Polo    18,556
4   Ford Focus    16,148

А-Класата воопшто ја нема меѓу Топ 10. Интересно, во тие Топ 10, 8 од 10 модели се на VAG. За Германија зборам.

И така...

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #14800 на: 11 Април 2019, 10:42:40 am »
Зарем конкурент на Мерцедес А класа во гамата на ВАГ не е Ауди А3? Зошто би сакале голф да се натрпреварува со Мерц и БМВ и со тоа да му наштетат на продажбата на Ауди.

А Скала со цената која што ти ја спомна повеќе му е конкурент на Фиат Типо, Киа Сид итн.

Да Ауди А3 е конкурент на Мерцедес А класа.

Заебот е во тоа што ФВ одлучија да го доближат Голфот кон премиум сегментот, а не кон буџет сегментот. Затоа што Шкода им се наметна како одличен буџет бренд на ВАГ, Ауди растураат во премиум сегментот, и ФВ во моментов се наоѓа во вакуум.

На пример:
Октавија<Голф 7<Audi A3
Superb < Passat < Audi A4
Kodiaq < Touareg < Audi Q5

Моделите на ФВ спаѓаат во ценовниот ранг кој што е психолошка граница за да купиш поефтина Шкода и да заштедиш, или поскапо Ауди за да си направиш ќеиф.

Просечно опремен Голф би чинел околу 20к евра па и повеќе, а за таа цена веќе имаш многу подобро возило во Мерцедес А класа, па и Ауди А3 (иако А3 е нереално поскап без некаква причина за дополнителна вредност). Не ги споредувај цените во Македонија, кај нас акцизата е глупаво висока и лошо концепирана.

Ако сакаш да направиш споредба ѕирни ги цените во Србија, таму акцизата е по рационална. 

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #14801 на: 11 Април 2019, 10:45:07 am »
Во моментов ФВ имаат огромен проблем со Форд Фокус и Мерцедес А класа кои се продаваат фрапантно многу во западна Европа и бројките на продадени Голфови се смешни.

Да бидам искрен, многу ме заинтересира баш оваа реченица. Брзински прогуглав и според carsalesbase.com (не знам колку се веродостојни информациите, па ги земам бројкиве со резерва..) дојдов до овие податоци:

Golf, Јануари 2019 - 33.043
Golf, Февруари 2019 - 31.523

Focus, Јануари 2019 - 18.449
Focus, Февруари 2019 - 17.623

А Class, Јануари 2019 - 14.167
A Class, Февруари 2019 - 11.700

Бидејќи напомена западна Европа, прогуглав и за продажни резултати во Германија во Q1 2019. Знам дека не само Германија е западна Европа, ама ете...

https://www.best-selling-cars.com/germany/2019-q1-germany-best-selling-car-brands-and-models/ - Они барем го рефернцираат KBA.

1   VW Golf    50,895
2   VW Tiguan    20,709
3   VW Polo    18,556
4   Ford Focus    16,148

А-Класата воопшто ја нема меѓу Топ 10. Интересно, во тие Топ 10, 8 од 10 модели се на VAG. За Германија зборам.

И така...

Бројките се набустани затоа што Голф7 се продава со огромни повслатувања и попусти како модел кој што е на залез од животот. Има понуди на модели на Голф 7 кои се напукани со опрема и кои до пред 2 години чинеа дури 5000 евра повеќе од цената која што е сега.

Кога ќе се покави Голф 8 и Шкода Скала, овие бројки ќе бидат мноогу поразлични.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #14802 на: 11 Април 2019, 10:48:19 am »
Ако сакаш да направиш споредба ѕирни ги цените во Србија, таму акцизата е по рационална. 

Колку што знам, Србија нема акциза. Имаат нијанса поголем ДДВ и не сум сигурен за царина.

--

Неповрзано..







https://www.carclub.mk/2019/04/11/premiera-audi-s6-i-s7-doagjaat-so-350-konjski-turbodizel-so-elektricen-kompresor/

Дизелчиња за мерак...

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #14803 на: 11 Април 2019, 10:50:43 am »
Различни модели се?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #14804 на: 11 Април 2019, 10:52:57 am »
Караванов прекрасно изгледа.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.