http://www.carclub.mk/2014/11/17/grst-novi-modeli-na-nissan-pristignaa-vo-makedonija/Седиштата во X-TRAILот кој е со кожната опција се едни од најдобрите во SUV категоријата. Врвно седење за такво високо возило! Добро е што го донеле во таа опција во салон, за да се види колку е важен кожниот ентериер. Нисан на голема врата се враќа на пазарот од кој веќе беше заборавен.
На чело со Кашкаи и X-Trail. Ако во Кашкаито се нудат истите седишта (не кожни, туку тие конкретни седишта кожни од X-Trail) тогаш ќе има навистина и поефтина варијанта на сув кој ќе нуди солидно седење. Производителите полека но сигурно учат да го нагодат седењето, но ова од досегашните е во близина на врвот. Класи над Аутлендер со кожните седишта кои ги има тој, класи над CRV и неговите кожни седишта. Нов пристап на седење за SUV што ми остави особено голем впечаток (откога ќе се нагодат да се спуштени најниско) што ретко кој го нуди. Браво. Чекор во правата насока.
Без кожните седишта, се релативно обични седишта кои се просечни, накај надпросечни. Ги има и двата во салон за да се осети разликата убаво, колку е важна опремата.
Црниот X-Trail со аутоматик и кожа и дизел би можел да го разберам како едно од возилата во една фамилија која патува по лоши патишта. Уште еднаш браво за Нисан. Со големи чекори напред.