Автор Тема: Автомобилски Новитети  (Прочитано 2928583 пати)

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #7470 на: 14 Март 2014, 19:53:04 pm »
Да не знае некој цена на 308-цата.На страната ми бара да поднесам барање и да ме утепаат после со замарање по мејл.
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #7472 на: 14 Март 2014, 19:57:15 pm »
Има сега попуфче од 13 почнува.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #7473 на: 14 Март 2014, 19:58:06 pm »
Браво,пријатно се изненадив.Изгледа му истече рокот на Голфот ;)
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44958
  • Il Moderatore
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #7474 на: 14 Март 2014, 20:01:08 pm »
Damn,  60кw бензинец?! Уште ли постои нешто такво у оваа класа?
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #7475 на: 14 Март 2014, 20:01:26 pm »
Браво,пријатно се изненадив.Изгледа му истече рокот на Голфот ;)
И дојде времето на Ford Focus?

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #7476 на: 14 Март 2014, 20:06:24 pm »
Никако.Тоа не влага ни во топ 200.Ова го видов денес прв пат во живо и ептен ми фати око,па може да отидам до Еуроимпекс на кратки преговори.Колата не е за мене лично да напоменам,жена ќе ја вози :)
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #7477 на: 15 Март 2014, 11:00:01 am »
Audi ќе нуди како опција предна Delimano решетка за новото TT:


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20379
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #7478 на: 15 Март 2014, 12:34:31 pm »

Отсутен Harris

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1285
    • http://www.facebook.com/RenaultOwnersClubMacedonia
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #7479 на: 15 Март 2014, 12:55:43 pm »
ужас.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8347
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #7480 на: 15 Март 2014, 15:03:08 pm »
Fan-fuckin-tastic!!!  :-*

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #7481 на: 15 Март 2014, 19:47:49 pm »
Вчера бев на промоција на Mercedes GLA и новата C Класа.

Само седнав во едната и во другата кола, немаше можност и да се проба.

Mercedes GLA

Морам да признаам дека изгледа прилично складно, спортски а во исто време СУВ.

Доста е некако спортски дизајниран, и од надвор стварно фино изгледа.

Внатре, има доза на луксуз, ама на спортски начин, а во исто време делува практично со доста употреблив багажен простор.

Што не ми се допаѓа:

- Стварно не разбирам што прават Мерцедес со тоа натакнатиот "TABLE LIKE" дисплеј. Делува ко евтин кинески натаканат таблет. Мене ми е одвратно

- Отворите за вентилација се со некаква пластика што ме асоцира на нешто евтино, и неквалитетно. Кога ги вртиш осеќаш како крцкаат

- Пластиката на воланот е некако крцкава и се поместува


- Изгледа дека не опција за Алкантара на седишта (мада кожата им изгледа одлично).

- Наслонот за лакт не се подесува по висина, и за мој начин на седење не успеав да го однесам доволно напред.

- Автоматскиот менувач е со рачка на самиот волан. Има брзина напред/назад ама исто на самиот волан.

За ова не знам дали е добро или лошо што нема опција за рачката да биде во средина каде што и припаѓа. Ама можеби при возење ова е доволно добро, па нема потреба за по конвенционален начин на позиционирање на рачката. Тука тој простор е искористен за разни фиоки и слично.


Mercedes C класа.


Од надвор изгледа фантастично. Многу елегантно и складно. Не ми се допаѓа само што долниот дел од предницата има сребрена долна лајсна што ми делува по малку кич

Внатре:

- Пијано финиш (верзијата во која седнав). Ми делува тотално кич, евтино. Уште скроз нова кола се познаваат ситни гребаници на пијано финишот, и прашина. Како ли ова ќе изгледа после 3-4-5 години?

- Натакнатиот кинески таблет лајк дисплеј. Кој ли ова го смислил, и кој ова го одобрил да го вградуваат?


Самата кола изгледа модерно, елегантно и по малку конзервативно. Не знам само зашто надворешниот софистициран изглед го уништуваат со релативно евтина на изглед внатрешност (можеби ако не беше тој Пијано Финишот немаше да го имам ова мислење).


Инаку свратив и до Митсубиши делот, и го видов ASX -oт на промоција. Станува збор за INVITE+ Пакет на опрема

Еве што има во него:

http://www.mitsubishimotors.mk/uploadedFiles/Parent_Site/General_Contents/Akciski%20Cenovnik%20za%20ASXMY14.pdf

Како што можам да приметам во ценовникот имаат само ASX со Invite+ , па веројатно го форсираат овој пакет на опрема.

Разгледав и Mitsubishi Pajero и ми личи дека во таа класа е и те како вреден за размислување (мене лично ми е преголем и прескап за  моите финансиски можности. Меѓутоа стварно делува дека е сериозна конкуренција на другите во оваа класа).

Интересно е што ми кажаа дека планираат да носат Hibryd Outlander , кој во суштина би возел главно на електро мотор. Има помошен бензиски мотор од 100 кс, ама тој би се користел како помошен а не главен мотор.

Полнењето би било на струја, или при кочење и слично.

Ако добро се сеќавам гаранција на батериите би биле 7 години да имаат до 80% од капацитетот , а нови батерии околу 5000 еур.


Толку од мене од овој настан



Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #7482 на: 15 Март 2014, 19:57:44 pm »
Тотално се согласувам со таблетот, кој треба да се забрани со закон.
Али дека делува ефтина внатрешноста незнам..не би рекол Јес да не ја видов Ц-класата, ама од слики и она Фиц шт ми кажа не добив таков впечаток..Баш ќе ја ѕирнам деновиве

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #7483 на: 15 Март 2014, 20:10:57 pm »
Тотално се согласувам со таблетот, кој треба да се забрани со закон.
Али дека делува ефтина внатрешноста незнам..не би рекол Јес да не ја видов Ц-класата, ама од слики и она Фиц шт ми кажа не добив таков впечаток..Баш ќе ја ѕирнам деновиве


Делови од внатрешнста се прилично луксузни и добри..

Ама посочив кои детали и моменти делуваат евтино.

1. Отворите за вентилација (двете)

2. Таблетот (двете) (Уште еднаш.. Кој се сетил за ова, и кој го одобрил мора да има добар смисол за хумор. Ама    па ако имаш добар смисол за хумор кажувај вицови у друштво, не прави злосторство)

3. Пијано финишот (Ц класа)

4. Пластиката и крцкањето на истата на воланот. (ГЛА )

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #7484 на: 15 Март 2014, 20:15:53 pm »
Баш ќе ги запазам овие моменти. Пошто ја сум онака исто несакам ништо да ми крцне-мрцне, поготово не во овој сегмент на автомобили па и да ја носи значката Мерцедес. Баш ќе загледам :)
А тоа со таблетот што инстинктивно ти доаѓа да си го земеш кога искачаш од кола тоа друг муабет.
ЈА сум љубител на пијано финиш, знам дека е претерано нежен се познава прашина и се, ама ја многу го сакам. Ептн ми се свиѓаше у голф 7, али напротив у други коли не се вклопува.
Ај да не млатам на празно, да го видам па ќе пишам и ја искуство :)