Мене па, „ретро-модерни“ детаљи на коливе - ич не ми се некако јака финта, поготово кај вакви „обични“ и секојдневни аута, кои треба да го отсликуваат времето во кое се создадени и да нудат максимална практичност и врвна технологија. Ако некој мисли дека слика од касета дур пее спотифај и инструментите што изгледаат како голф кец а треба да прикажат информации како киловатчасови, батериска наполнетост, рејнџ и сл., му значат нешто на син ми, кој е потенцијален купувач на вакво ауто - мислам дека ја промашил поентата. Кул е за по часописи и за ауто-журналисти да има за што да зборуваат.
До некаде во ред е да има некоја дизајнерска „врска“ со претходните модели, пресликана во технологија од денешницата, ама инсистирање и претеруење, не ми се допаѓа.
Само мое лично гледање на трендовиве, carry on..