Автор Тема: Автомобилски Новитети  (Прочитано 2277943 пати)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17820 на: 18 Јуни 2021, 21:43:24 pm »
Па middle size седани се мртви. Не би рекол дека луѓето се залажуваат, едноставно такви се трендовите во автомобилската индустрија. Меѓу другото најпродаван модел на VW во светски рамки е Tiguan  а не GOLF (Jetta,  не ја ни спомнувам),  а на AUDI  е Q5  а не A4.
Сеуште имаш опција да купиш многу од нив. И треба. Додека не изумреле. 5-10 години прекрасно возење во лимузина не се малку, еве и денес да купиш и утре да ги снема. А не е до толку изборот го има сеуште. Имаш А5, А7, Mondeo, S60, S90, XE, XJ, BMW 8, Camry, Insignia, итн кои се фантастични седани на денешницата и треба да се купат додека ги има. Зошто едноставно малку профит прават и корисникот добива премногу за парите - и мора да ги снема.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8965
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17821 на: 18 Јуни 2021, 21:49:09 pm »
Abe kaj malku profit praele od sedani,  ne si pravete filmovi

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17822 на: 18 Јуни 2021, 21:57:40 pm »
Јас незнам како можи А5,А7,да се вметни како лимузина пред А4,А6,А8,Серија 8 пред  5, 3 и 7,па да се заборави на Е,С класа.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17823 на: 18 Јуни 2021, 21:59:22 pm »
Првите се поубави од вторите.
На некои тоа им е битно.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17824 на: 18 Јуни 2021, 22:10:29 pm »
Убавината за кој како,али не се лимузини во споредба со вторите.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17825 на: 19 Јуни 2021, 04:54:15 am »
После првите "тизери" очекував малку повеќе од Моката но добро генерално не е лоша. Мене искрено не ми легна ентериерот на прв поглед, пред се воланот со генерално оралните линии мислам дека воопшто не пасува во целата ангуларна и минималистичка приказна на моделот. Не ми легнаа ниту тримовите со црвени линии по колата или уште полошо варијантите со црна хауба (знам дека им е троубек момент) но можеби само сум подостарел или треба да го видам моделот во живо. Мислам дека продажбата многу ќе зависи од тоа како ценовно/опрема ќе го позиционираат кај нас, а низ Европа претпоставка ми е дека нема сјајно да се продава ниту ќе ги достигне главните конкуренти како пр. Captur

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17826 на: 19 Јуни 2021, 08:09:02 am »
Јас незнам како можи А5,А7,да се вметни како лимузина пред А4,А6,А8,Серија 8 пред  5, 3 и 7,па да се заборави на Е,С класа.
Откога искочија А5, веќе А4 изгуби смисла. Исто со А7, и А6. Исто со Инсигнија 4 вратна во споредба со 5 врати, исто со Мондео со 4 врати и 5 врати. Штом има опција со 5 врати тоа е тоа.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17827 на: 19 Јуни 2021, 10:12:51 am »
Не би се согласил поготово шо А5 и А7 во споредба со А4 и А6,седењето,влегувањето назад и форната на багажникот ги прави "поограничени".
А7 како толкава масивна кола има многу мал багажник,па тоа што има 5та врата не го гледам како предност.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17828 на: 19 Јуни 2021, 10:23:33 am »
Не би се согласил поготово шо А5 и А7 во споредба со А4 и А6,седењето,влегувањето назад и форната на багажникот ги прави "поограничени".
А7 како толкава масивна кола има многу мал багажник,па тоа што има 5та врата не го гледам како предност.
Ете гледаш различни видувања. А5 мене подобро и пониско ми се седи и е многу попрактичен отворот на багажникот. Седиштата зборувам за Слине исклучиво, обичните се полоши од на Ајго, тврди камен и исправени безвезе.

Ама океј прифаќам различни мислење, јас за мене субјективно си зборувам. А4 и А6 не би гледал освен ако не се ептен зделка. А5 е врв според мене. Башка и многу км сум поминал во таква слине и премногу ми се бендисува како кола. Многу стокмена.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17829 на: 19 Јуни 2021, 11:35:07 am »
Никој не рече дека не се стокмени и убаво возат.
Кај А5 споредено со А4 мислам дека нема "загуба" во багажен простор и на задната клупа,но кај А7 споредено со А6 тоа се осеќа доста.
Другото горе долу е с'што.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17830 на: 19 Јуни 2021, 13:17:19 pm »
После првите "тизери" очекував малку повеќе од Моката но добро генерално не е лоша. Мене искрено не ми легна ентериерот на прв поглед, пред се воланот со генерално оралните линии мислам дека воопшто не пасува во целата ангуларна и минималистичка приказна на моделот. Не ми легнаа ниту тримовите со црвени линии по колата или уште полошо варијантите со црна хауба (знам дека им е троубек момент) но можеби само сум подостарел или треба да го видам моделот во живо. Мислам дека продажбата многу ќе зависи од тоа како ценовно/опрема ќе го позиционираат кај нас, а низ Европа претпоставка ми е дека нема сјајно да се продава ниту ќе ги достигне главните конкуренти како пр. Captur

Претходниот модел памтам дека се продаваше солидно.

Овој треба да кошта малку повеќе од Корса, a  помалку од Астра...колку и да е тоа.
Во спротивно од фабрика право на преса треба да оди.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17831 на: 19 Јуни 2021, 13:35:10 pm »
Па middle size седани се мртви. Не би рекол дека луѓето се залажуваат, едноставно такви се трендовите во автомобилската индустрија. Меѓу другото најпродаван модел на VW во светски рамки е Tiguan  а не GOLF (Jetta,  не ја ни спомнувам),  а на AUDI  е Q5  а не A4.
Сеуште имаш опција да купиш многу од нив. И треба. Додека не изумреле. 5-10 години прекрасно возење во лимузина не се малку, еве и денес да купиш и утре да ги снема. А не е до толку изборот го има сеуште. Имаш А5, А7, Mondeo, S60, S90, XE, XJ, BMW 8, Camry, Insignia, итн кои се фантастични седани на денешницата и треба да се купат додека ги има. Зошто едноставно малку профит прават и корисникот добива премногу за парите - и мора да ги снема.
Малку ги мешаш брзините. Тука освен Мондеото кое е неизвесно дале ќе продолжи да се произведува во истата каросериска форма, остануваат само Инсигнијата и Камрито. Се друго е премиум сегмент.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17832 на: 19 Јуни 2021, 18:25:36 pm »
Па middle size седани се мртви. Не би рекол дека луѓето се залажуваат, едноставно такви се трендовите во автомобилската индустрија. Меѓу другото најпродаван модел на VW во светски рамки е Tiguan  а не GOLF (Jetta,  не ја ни спомнувам),  а на AUDI  е Q5  а не A4.
Сеуште имаш опција да купиш многу од нив. И треба. Додека не изумреле. 5-10 години прекрасно возење во лимузина не се малку, еве и денес да купиш и утре да ги снема. А не е до толку изборот го има сеуште. Имаш А5, А7, Mondeo, S60, S90, XE, XJ, BMW 8, Camry, Insignia, итн кои се фантастични седани на денешницата и треба да се купат додека ги има. Зошто едноставно малку профит прават и корисникот добива премногу за парите - и мора да ги снема.
Малку ги мешаш брзините. Тука освен Мондеото кое е неизвесно дале ќе продолжи да се произведува во истата каросериска форма, остануваат само Инсигнијата и Камрито. Се друго е премиум сегмент.
Целата работа е што воопшто не ги мешам работите. Мешањето е само јак, јак маркетинг. Ама да не навлегуваме зошто може на крајот и обратно да испадне.
А во тој кош на сите споменати е и Акорд, ама веќе полека го снемува и него.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17833 на: 19 Јуни 2021, 18:32:24 pm »
Акордот во Европа и Австралија е снеман 🙂 од 2015-та

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29676
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17834 на: 19 Јуни 2021, 19:52:34 pm »
Никој не рече дека не се стокмени и убаво возат.
Кај А5 споредено со А4 мислам дека нема "загуба" во багажен простор и на задната клупа,но кај А7 споредено со А6 тоа се осеќа доста.
Другото горе долу е с'што.

Чисто процедурално, A6 и А7 имаат скоро идентични багажници (дури кај А7 миииислам дека е 10 литри поголем). Единствен недостаток што го има А7 во однос на А6 кога станува збор за простор, може да е простор за глава на задна клупа.

Иначе, тука се согласувам со Дени. Би избрал А5 пред А4 и А7 пред А6, без размислување. Подобро ми изгледаат. :)