Не, најверојатно нема ни да седнам, толку богат не сум. Едноставно за било која пара би одбрал нормална кола.
Луѓето што сакаат нека си купуваат, ама реално џиповите пречат, пред тебе ништо не гледаш, не можиш да се разминиш, фатил паркинг за 2 коли итн...
Не си седнал, а викаш дека не сакаш затоа што има седење како во комбе
Не си седнал, а знаеш дека би одбрал нешто друго. Не викам дека ако седнеш ќе се заљубиш, ама убаво би било прво барем да седнеш, па после да ги судиш тие што избрале СУВ пред нормална кола. И не мора да си богат за да седнеш во нов голем СУВ
По некоја логика тие што купуваат Х5м би имале пари и за мало гратско возило. На кое што намента му е баш во град. Е сега ако му ја дадеш Х5ката на жената за да оди до продавница, тоа е друг проблем, пошто така гледаат дека прават на турските серии. Иако реално немаат потреба од толкава кола
Друг проблем е што тие што стварно имаат потреба од толкав џип, и возат многу, немаат пари па купуваат стар хечбек и си шибаат на автопат секој ден...
Познавам еден куп луѓе што имаат пари, имаат потреба и возат голем џип. Не е дека сите што имаат пари немаат потреба од џип, а сите што имаат потреба немаат пари.
И зошто некој би купил мала, нелуксузна, многу понеудобна кола од таа што може да си ја дозволи?
Замисли сценарио: Дома имаш гаража, на работа нели директор си, главен имаш загарантирано паркинг место. Во Веро тафталиџе кога ќе отидеш имаш платен паркинг и ќе си го паркираш џипот или БМВ 8ца гран купе да речеме
Зошто би се возел во пластична Фиеста или полупластично Мини ако можеш да се возиш во целосна тишина, со кожа од некое рачно бирано теле, со масажери, со петсо пичке мајчине?
Или ако имаш С класа и шофер, зошто да се малтретирам и сам да возам?
Јас лично имам мерак на мали коли и немам пари за X5M, па најверојатно би возел и мала кола кога би имал пари за X5M. Али не мора да значи дека тие што не возат прават нешто нелогично.