Автор Тема: Автомобилски Новитети  (Прочитано 2273575 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #15 на: 30 Декември 2010, 20:49:37 pm »
За првпат во историјата автомобилската марка Lada ќе може на своите купувачи да им понуди автоматски менувач соопштува раководството на рускиот автомобилски гигант AvtoVAZ.



За конструирањето на автоматскиот менувач AvtoVAZ соработува со рускиот специјалист за менувачи KATE и јапонската компанија JATCO, но не наведува со колку степени на пренос ќе располага новиот менувач.

AvtoVAZ веќе постигна договор со KATE на чив терет ќе падне одговорноста за производство на менувачот, додека со јапонскиот JATCO постои начелен договор, но сеуште ништо не е прецизно дефинирано.

Автоматикот е посебно конструиран за да биде спарен со 1.6 литарскиот бензинец на Lada и премиерно ќе биде претставен во новиот автомобил Lada Granta која традиционално носи и бројчана ознака Lada 2190.

Доколку плановите на AvtoVAZ се одвиваат по редовен тек автоматскиот менувач ќе пристигне во 2012 година која ќе биде револуционерна за Lada.

Факт е дека модели на Lada се нудат со автоматски менувач во некои делови на светот како на пример во Канада, но станува збор за менувачи од други производители доработени од мали работилници и специјално прилагодени за моделите на Lada.

http://vozi.com.mk/vesti/lada-kje-ima-avtomatik.html

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен SceMax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
  • In Diesel We Trust !!!
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #16 на: 04 Јануари 2011, 20:39:07 pm »

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #17 на: 04 Јануари 2011, 22:35:36 pm »

Отсутен tr20

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 54
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #18 на: 10 Јануари 2011, 01:17:49 am »
Кај и да е, ке има нов civic :)

http://www.gt.mk/News.aspx?PostID=9e7caf4a-180a-4862-89d4-d80d0d78240f

Другар, утре (веќе е денес) Понеделник 10 јануари почнува саемот во Детроит, каде ќе биде прикажан концептот на новиот Цивик. На официјалната страна на Хонда дури и ќе има пренос (стриминг) во живо!!!

Па Понеделник, 10 Јануари во точно 7:45 поручек по наше време идете на линков:

http://hondanews.com/pages/2011naias

Каде ке има пренос, и ќе може да бидете едни од првите кои ќе го дознаат дизајнот.


Цитат
For those who cannot attend the North American International Auto Show in person, Honda will unveil the all-new Civic Concept live via webcast at http://hondanews.com/live/2011naias on January 10th 1:45 PM, EST.
« Последно менување: 10 Јануари 2011, 01:21:18 am tr20 »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19 на: 10 Јануари 2011, 21:13:06 pm »
После одличното Genesis толку многу сакав Veloster-от да биде добар. Многу сакав да биде добар.

Арно ама..





Од напред изгледа као ретардиран зајак спремен за рејв журка, а од позади е као лоша кинеска копија на Меган Купе..


A swing & a miss..

Отсутен SceMax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
  • In Diesel We Trust !!!
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #20 на: 10 Јануари 2011, 21:30:30 pm »
После одличното Genesis толку многу сакав Veloster-от да биде добар. Многу сакав да биде добар.

Арно ама..

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Од напред изгледа као ретардиран зајак спремен за рејв журка, а од позади е као лоша кинеска копија на Меган Купе..


A swing & a miss..

Na nekogo duri i Golf mu se dopaga ! Mene Veloster mi se dopaga, najoriginalen kompakt ke bide zasigurno. Zatoa velat za vkusot deka e subjektivna rabota, neli ?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #21 на: 11 Јануари 2011, 01:24:50 am »
Јас мислам дека од напред изгледа као ретардиран зајак спремен за рејв журка, а од позади е као лоша кинеска копија на Меган Купе..

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #22 на: 11 Јануари 2011, 02:12:59 am »
Респек за Zerosignal за сликовитото доловување на изгледот на ова... што и да треба да биде... :D

Гледано од „поопиплива природа“ (не дека ретардиран зајак спремен за рејв е тотална апстракција, сепак идејата постои уште од Alice in wonderland :)), мене ми личи како од напред очајно да се обидува да биде Citroen DS4, а одзади, се согласувам со моментот „сакам да сум Megane Coupe“. Само што, поради тоа што корејци го праеле, не изгледа нити маргинално добро, нити складно, нити трошка оригинално, како што изгледаат горенаведените автомобили.

Не е првпат Хјундаи да се послужи со дизајните на колегите од авто-светот...
Да се потсетиме на Hyundai Corsa... уф пардон, Hyundai (ахем) i20

 
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #23 на: 11 Јануари 2011, 02:16:46 am »
Ауу стварно грдо...
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #24 на: 11 Јануари 2011, 10:19:27 am »
Дачиа“ бележи раст на продажбата

11.01.2011 | Автор: Мк Фондови

Во 2010 година „Дачиа“ кој е дел од француската групација „Рено“ објави дека се продадени вкупно 348.723 автомобили.



Имено, продажбата на моделите на „Дачиа“ лани е зголемена за 17,9 отсто во однос на 2009 година, пренесуваат странските медиуми.

Франуцката групација „Рено“ минатата година продала рекордни 2,82 милиони автомобили или 13,7 одсто повеќе во однос на 2009 година.

http://www.time.mk/read/NONE/06ee71a24a/index.html

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #25 на: 11 Јануари 2011, 14:16:24 pm »

Другар, утре (веќе е денес) Понеделник 10 јануари почнува саемот во Детроит, каде ќе биде прикажан концептот на новиот Цивик. На официјалната страна на Хонда дури и ќе има пренос (стриминг) во живо!!!

Па Понеделник, 10 Јануари во точно 7:45 поручек по наше време идете на линков:

http://hondanews.com/pages/2011naias

Каде ке има пренос, и ќе може да бидете едни од првите кои ќе го дознаат дизајнот.


Цитат
For those who cannot attend the North American International Auto Show in person, Honda will unveil the all-new Civic Concept live via webcast at http://hondanews.com/live/2011naias on January 10th 1:45 PM, EST.

Еве го видеото:

За Европа се очекува малце по различен дизајн, малку по смел, но во секој случај ми се допаѓа ова што е за US.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #26 на: 11 Јануари 2011, 18:05:37 pm »
По продадените 231.131 возила во 2007, па 294.505 во 2008, како и 570.309 во 2009, во текот на 2010 поставен е нов рекорд на пазарот во Кина, имено за 2010 Hyundai пласирал над 700.000 нови автомобили.

Свој полн придонес во остварувањето на рекордната продажба имаа новите модели на Accent, ix35 и Sonata, како и ширењето на продажната мрежа и отворањето на нови центри. Тука треба да се напомене дека во 2010, втората компанија во рамките на Групацијата Kia, во Кина успеа да пласира 330.000 возила, што значи дека Hyundai-Kia Automotive Group во минатата година во најбројната со луѓе земја на светот, продала повеќе од милион возила.

Hyundai и Kia на пазарите во светот за 2010 вкупно продадоа 5,76 милиони возила (+24%), а според плановите во текот на 2011 се очекува да бидат пласирани 6,33 милиони единици.


http://www.autoplus.mk/?nid=1115
« Последно менување: 11 Јануари 2011, 20:29:28 pm zeroSignal »

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #27 на: 08 Март 2011, 20:56:50 pm »
На овој саем, KIA го претстави и својот 1,0 литарски „Kappa“ мотор, кој може да се пофали со инзвонредни спортски перформанси и економичност. Иновативниот мотор од 998 кубни сантиметри е првиот трицилиндричен мотор на KIA со турбополнач и со моќност од 110 КС

Link

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #28 на: 09 Март 2011, 01:09:44 am »
На овој саем, KIA го претстави и својот 1,0 литарски „Kappa“ мотор, кој може да се пофали со инзвонредни спортски перформанси и економичност. Иновативниот мотор од 998 кубни сантиметри е првиот трицилиндричен мотор на KIA со турбополнач и со моќност од 110 КС

Link
Одлично! 3 цилиндри ќе дадат фантастичен баланс на моторот а турбиинката ќе го наполни празниот дел долу. барем теоретски, освен ако се иссељачиле да се пали покасно турбото за да извадат повеќе „коњажа“ на хартија. Времето ќе покаже.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #29 на: 09 Март 2011, 16:18:28 pm »
LOL :D

Е не се нормални, кеве ми... Ако не па, тури турбина на фен, знаеш колку брзо ке ти ја исуши косата... паааа... што да ти распраам...

Фиат избаци двоцилиндраш со турбо, па ја милува природата, пошто не рее многу гасови, арно ама, брзопотезно ти го исуши новчаникот,
а пак нема аир не гледаш...

Апсолутно без поента, барем според мене.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.