Третата генерација на прославениот модел на Fiat, малечката Panda пристигнува наскоро и место во фабриката во Тичит во Полска ќе се произведува во Италија во фабриката на Fiat во Помилиано.
Новата генерација на Panda ќе ја доживее светската премиера во септември на салонот во Франкфурт, додека производството ќе стартува во ноември во фабриката во Помилиано која сега се модернизира.
Fiat од минатата година планира да го пресели производството на Panda во Италија бидејќи сака да ги зголеми своите домашни капацитети од 650.000 возила минатата година на 1.400.000 возила во 2014 година.
Едно од решенијата е и преселбата на производството на Panda откако работниците и нивните синдикати постигнаа договор со раководството на Fiat и се согласија за реорганизација на производството и за зголемувањето на платите за околу 70%.
Фабриката во Помилиано ќе работи во три смени и ќе работи 280 дена во годината место досегашните 235 дена во годината. Според Серџо Маркионе доколку договорот не се постигнеше тогаш производството на новата Panda ќе останеше во Полска, а ќе се ангажираше и новата фабрика во Србија.
Fiat инвестира 800 милиони евра за да ги модернизира погоните во Помилиано каде минатата година беа произведени само 30.000 примероци на Alfa Romeo, моделите 159, 147 спортското купе GT.
Во моментот најголема и најефикасна фабрика на Fiat во Европа e фабриката во послкиот град Тичи каде минатата година беа склопени 533.000 возила. Во светски рамки фабриката во Тичи е втора поголемина фабрика на Fiat.
Најголема е фабриката во Бело Оризонте во Бразил каде минатата година беа произведени преку 700.000 примероци.
http://www.vozi.com.mk/vesti/doaga-novata-panda.html-----------------------------------------------------------
Izgleda kako redizajn na starata.