Без никаква иронија, сигурен сум дека Шкода Октавија има слична ако не и подобра аеродинамика, а воедно и практичност која што би можеле да ја применат сите овие „рејнбоу“-стајл хибриди.
0.24 за Ионикот, 0.29 за Октавија. Џулија има 0.25, Audi A4 има 0.23.
За мене тоа е глупост. Зарем толку е битна аеродинамиката кај тие возила? Па колку и да е битна за хибридниве исто толку треба да е битна и за возилата со МВС. Еве имаш и VW и Мерцедес и Опел и Нисам хибриди па не се такви никакви.
Азискиот пристап е таков - сакаат колите да се различни. Кај Тојота (односно кај Приусот) тоа е најочигледно, корејциве сконтале дека колата мора да личи на кола, па Ионикот изгледа нормално. Иначе да, аеродинамиката е многу важна, пошто ова се еко-тралала возила, и ниска потрошња е најважната работа.
Викендов возам Toyota Rav4 Hybrid.
Му се гледаат годините, особено внатре.. Иначе, со пазење, околу 9 низ град.