Мене (субјективно) АјДрајв увек ми бил тотално неубав за користење, а глеам луѓе го фалат.
ајДрајв е одличен кога возиш и по нешто чепкаш. Низ Македонија не знам колку прави смисла, ама да речеме бирање радио станици и музика, па префрлање на лајв трафик инфо, менување на рута заради сообраќај. Едноставно не ти го одвлекува вниманието на патот. А тркалцето за контролирање со хаптички фидбек е прва лига. Цел викенд поминав со него низ Дојчланд. Треба пола саат да му свикнеш и после сите одлуки и интеракции доаѓаат флуидно и логично.
Системите со екран на допир се многу лоша опција во возило од безбедносна и практична гледна точка. Хаптички моторен фидбек немаш никаков, положбата на самиот екран и прст има различен оффсет на нишанење на цел, отколку ако е хоризонтално наместена самата цел (копче) или дијагонално (многу е тешко да се погоди тој sweet spot) и најчесто производителите не го земаат во предвид контекстот на користење, големина на копчиња, и начинот на кој човечкото око спатијално го перцепира самото копче, и со кој дел од прстот го допира самиот екран.
Тесла конкретно имаше еден гаф, кадешто со еден апдејт сменија места на некои контроли... Па со следниот го вратија стариот интерфејс.