Ај и ја да кажам нешто смотано .....
Читам доста предлози, навака натака, па да го кажам и својот ...
Мојот предлог за нареден собир+вожња е Манастирот Св.Троица, Скачковце, Кумановско ...
Е сега, пошто нели, секој влече кон своето, така и ја
1.Нешто што на сите им е најбитно во овие луди времиња и цени на гориво е, колку е далеку местото ...
60 км во еден правец е од Скопје...
2.Состојба на патотСкопје-Куманово, возење во лева лента, 80 km/h по наплатна рампа Миладиновци ... 2 Патарини, 30 Миладиновци, 50 Куманово, значи 160 денари во два правца ...
Дел од патот кој ке мора да се вози побавно е следниот, околу 2 km, откако ке се спуштиме од главниот пат кој иде за Св.Николе, асфалтен пат е, но посигурно е така затоа што е потесен....
Посебно внимание ке се обрати на патот помеѓу двете црвени точки бидејќи е населено место и тесен пат(немој некој да ми се смее на Paint мастер левелот) ...

3. Место за паркирање ... Може да наредиме до 40 автомобили на паркингот ...
4 Каде ке седиме... Околу манастирот има поставено клупи и маси, кои собираат помала свадба ... Исто, има и неколку места, околу 4, за правење на скара ...
Манастирскиот комплекс е опремен солидно, има неколку чешми, фонтана, кула, џиновско јајце, 2 многу симпатични шарпланинци, љубезниот прота Пајко ....
Манастирот е отворен од изгрејсонце до зајдисонце ...



5. Храна и пијалоци ...
Тука нека биде отворено за предлози, како ке сакаат повеќето, дали да носиме секој по нешто, или ке се купува од некаде скара ...
Ја и Need4Speed ке ве чекаме на влез во Куманово, и ке ви бидеме пратња до Манастирот ...
Благодарам!