Автор Тема: Течење вода од ауспух - Проблем или не  (Прочитано 5303 пати)

Отсутен Mase

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 137
Не најдов нешто слично низ темите за ова прашање, па поставив нова тема. (Доколку има, може некој од модераторите да ме корегира).

Понекогаш имам видено на бензинец како од ауспух тече вода, не е многу но сепак има неколку капки, а во зависност од тоа дали е возилото на угорнина, може тоа да е и пообилно.
Ме интересира од каде доаѓа водата што тече од ауспух, дали е обична кондензација во системот, или нешто може да е и од горивото, или пак се работи за ладен старт кога возилото е извадено од гаража па сега на жешко се појавува овој проблем.

Од разладните течности не е сигурно, затоа што антифризот не се намалува воопшто.

Секоја информација е добредојдена, благодарам :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Течење вода од ауспух - Проблем или не
« Одговори #1 на: 06 Јули 2012, 12:28:14 pm »
Не сум видел од ауспух да тече... А као вода, може да си пушта негде кај што е одводот на климата (најчесто во предниот дел, зад моторот).
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Течење вода од ауспух - Проблем или не
« Одговори #2 на: 06 Јули 2012, 12:35:11 pm »
Масе имаме дискутирано за ова. Нормално е да капе па дури и да тече при нагло тргнување или угорнина.
1. Водата е нуспроизвод на внатрешното согорување (thank you Simo/SaleSK for enlightening me)
2. Ако воздухот кој се вбризгува во цилиндрите е влажен тогаш таа вода мора да излезе од некаде нели?

Отсутен Mase

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 137
Одг: Течење вода од ауспух - Проблем или не
« Одговори #3 на: 06 Јули 2012, 13:18:00 pm »
@velestrumf, да, знам за тоа дека од климата може да капка, меѓутоа еве на пример, имам видено на матиз кој што е без клима, да капе од ауспух.

Фаланга, побарав на срч нешто слично како ова прашање ама не најдов, па затоа сега и го поставив :) евентуално ако сте збореле во рекла казала, па да ми требаат 21342453 дена да најдам нешто  ;D

И јас претпоставувам она што го викаш ти, дека водата е производ од самото согорување, и нели мора тоа да излезе исто така низ ауспухот.
Само сакам да соберам повеќе размислувања околу ова.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Течење вода од ауспух - Проблем или не
« Одговори #4 на: 06 Јули 2012, 13:19:25 pm »
Нормална кондензација што се собира во лонците на ауспух. ништо страшно.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Течење вода од ауспух - Проблем или не
« Одговори #5 на: 06 Јули 2012, 13:23:41 pm »
Еве една дискусија на темата: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,3428.msg170049.html#msg170049

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Течење вода од ауспух - Проблем или не
« Одговори #6 на: 06 Јули 2012, 13:57:39 pm »
Вода обично сум видел да тече од возила со плински уред.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Течење вода од ауспух - Проблем или не
« Одговори #7 на: 06 Јули 2012, 14:42:57 pm »
normalna situacija za benzinec. kaj dizel nikogas ne se slucuva

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Течење вода од ауспух - Проблем или не
« Одговори #8 на: 06 Јули 2012, 14:49:56 pm »
normalna situacija za benzinec. kaj dizel nikogas ne se slucuva

Се работи за Круз, дизел, за кој што Масе прашува ...

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Течење вода од ауспух - Проблем или не
« Одговори #9 на: 06 Јули 2012, 14:55:53 pm »
Sto i da rekol Mase, mojata izjava e tocna. Iako Mase ne preciziral nisto vo negoviot post ;)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Течење вода од ауспух - Проблем или не
« Одговори #10 на: 06 Јули 2012, 14:57:24 pm »
Разликата е што дизелот не пупшта вода туку катран. Затоа цефките од ауспухот им се свртени надолу.

Отсутен Mase

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 137
Одг: Течење вода од ауспух - Проблем или не
« Одговори #11 на: 06 Јули 2012, 15:04:38 pm »
@Tommy, не станува збор за крузот дизел, туку за бензинец, ете пример на матизот го имав видено да се случува тоа.
Во право е лп и фаланга, за дизел тоа не би требало да е случај.

А видиш, никогаш не ми текнало да се запрашам зашто ауспухот на дизелите им е свртен надолу ;)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Течење вода од ауспух - Проблем или не
« Одговори #12 на: 06 Јули 2012, 15:25:32 pm »
Да не труе директно, туку под агол :D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Течење вода од ауспух - Проблем или не
« Одговори #13 на: 06 Јули 2012, 15:30:36 pm »
Свртен е надолу за да не го црни браникот, кај поновите дизели со ДПФ филтри ауспохот е исто како кај бензинците затоа што не пуштаат црно.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Течење вода од ауспух - Проблем или не
« Одговори #14 на: 06 Јули 2012, 15:33:08 pm »
Моја претпоставка е дека оние најголемите гомненици (цврстите материи) да не ги пафта директно у ваздух, туку малце да им ја намали динамиката со пафнуење директно  од афалт, па побрзо да паднат на земја, да не се ашкаат многу низ атмосфера. А и башка, кога глеаш црна лента директ позади ауто не делуе убаво. ;D

Инаку, апропо темата, дизел-бензин, исти ѓавол, пак H2O е нуспроизвод на согорување, па кондензација во лонците се ствара и кај дизели. Поготово ако се возат кратки релации, кога не може убаво да се загрее целиот издувен систем и да испари целата вода од него.