Не најдов нешто слично низ темите за ова прашање, па поставив нова тема. (Доколку има, може некој од модераторите да ме корегира).
Понекогаш имам видено на бензинец како од ауспух тече вода, не е многу но сепак има неколку капки, а во зависност од тоа дали е возилото на угорнина, може тоа да е и пообилно.
Ме интересира од каде доаѓа водата што тече од ауспух, дали е обична кондензација во системот, или нешто може да е и од горивото, или пак се работи за ладен старт кога возилото е извадено од гаража па сега на жешко се појавува овој проблем.
Од разладните течности не е сигурно, затоа што антифризот не се намалува воопшто.
Секоја информација е добредојдена, благодарам