Автор Тема: Течење вода од ауспух - Проблем или не  (Прочитано 5205 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Течење вода од ауспух - Проблем или не
« Одговори #15 на: 06 Јули 2012, 15:36:00 pm »
Разликата е што дизелот не пупшта вода туку катран. Затоа цефките од ауспухот им се свртени надолу.

Грешка колега, не кај сите. Кај мене на ЈТД си е нормален, односно цефктата не е свртена надолу.
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,1275.0.html

п.с. нема ни ДПФ

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Течење вода од ауспух - Проблем или не
« Одговори #16 на: 06 Јули 2012, 15:37:54 pm »
Ne site dizeli imaat auspuh svrten nadolu. No poveketo imaat.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8525
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Течење вода од ауспух - Проблем или не
« Одговори #17 на: 06 Јули 2012, 17:39:40 pm »
Има и бензинци со ауспух свртен надоле.

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Течење вода од ауспух - Проблем или не
« Одговори #18 на: 06 Јули 2012, 17:43:40 pm »
Течењето вода (во нормални услови) летно време е нормална работа со оглед на испарувањето од согорениот гас, при што водената пареа се кондензира во лонецот, и како капки вода истекува од ауспухот. Ништо страшно, сосема нормална работа во летно време. :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Течење вода од ауспух - Проблем или не
« Одговори #19 на: 06 Јули 2012, 17:50:40 pm »
Моја претпоставка е дека оние најголемите гомненици (цврстите материи) да не ги пафта директно у ваздух, туку малце да им ја намали динамиката со пафнуење директно  од афалт, па побрзо да паднат на земја, да не се ашкаат многу низ атмосфера. А и башка, кога глеаш црна лента директ позади ауто не делуе убаво. ;D

Инаку, апропо темата, дизел-бензин, исти ѓавол, пак H2O е нуспроизвод на согорување, па кондензација во лонците се ствара и кај дизели. Поготово ако се возат кратки релации, кога не може убаво да се загрее целиот издувен систем и да испари целата вода од него.
Точно.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Течење вода од ауспух - Проблем или не
« Одговори #20 на: 06 Јули 2012, 18:03:29 pm »
Таткоми е по струка механичар и ми има кажано: - Капењето од ауспух претставува кондензација и кога по малку капе вода од ауспух на бензинец, тоа е знак дека машината работи одлично, а ако не капе, тогаш не е убаво наштелована смесата на гориво и воздух што моторот ја согорава

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Течење вода од ауспух - Проблем или не
« Одговори #21 на: 06 Јули 2012, 18:11:10 pm »
Протекува вода низ издув бидејки во секое гориво ( течно, тврдо и гасно ) има водород, и при согорувањето со хемиска рекција и топлина настанува водена пареа, па при кондензација прокапува низ издувот :)