па во мое основно и јас моделирав. цирус А2 ми беше првиот. после правев цирус А1. имаше еден куп моделчиња со папирус што ги склопив.. оној издрогираниот кај мвр беко еден куп пари ми има земено за блаза, папирус, ацетонски лепак и лакови...
после тоа свртев на падобранство кое ионака беше задолжителна обука, како пред обука за летање со едрилици, па тек после тоа едрилица...
спортекс... не сум одсекогаш 0,15 тона тежок. пред 15 години бев едвај 75. откако прекинав во животот со тие спортски активности почна и килажата да иде нагоре.а верувај како пилот на БЕЗМОТОРНО, ЕДНОСЕДНО, ВОЗДУХОПЛОВНО ЛЕТАЛО (кое нема службена ознака) треба да имаш јака физичка кондиција затоа што вртењето и движењето на сите стабилизатори е чисто механички. се користат и раце и нозе.