1. Мојот болид.
2. Опел Кадет Б 1.1
3. Лада Нива 1.7
4. Лада 110 1.6
5. Лада рива 1.3
6. Форд Ескорт 1.6
7. Oпел Корса Б 1.0
8. Фолскваген Транспортер 2.4d
Да се дополни листава:
9. Југо 55
10. Шкода Фелиција 1.3
11. Цитроен Берлинго 1.9d
12. Шевролет Авео 1.3 cdti
13. Шевролет Авео 1.2 16v
14. Фиат Пунто класик 1.2 8v
15. Фиат Пунто ево 1.2
16. Фиат Фиорино 1.4
(овие две возила, пунто ево и фиориното се најтромавите возила, одговорно тврдам дека Фелицијата примаше многу полесно туража од овие две возила)
17. Голф 7 1.2 тси 86 кс
18. Мерцедес спринтер комбе краток модел, не се секавам точно на моторот, ама беше интересно за возење, заден погон, менувач со кратки преноси.
19. Шкода рапид 1.6 мпи
20. Шкода рапид-спејсбек 1.6 тди
21. Шкода фабија со 1.2 и 1.0 моделски мк2 и мк3 моделите, како и 1.2 тди на стариот мој
22. Шкода Октавија 1.6 тди 105 кс 2010та година со 435 000 км во моментот кога ја возев. Кола од која најпозитивно сум изненаден колку беше и зачувана и како се однесуваше на патот. Пи*кин дим и беа тие 435 000 км на колата, комотно да се врати на 180 000, просечен македонец ќе мисли дека од 280 000 му е вратена на 180 000.
Ако јас се прашувам, без никаков проблем би ја зел и возел конкретно баш оваа со толку км, кола сочувана до максимум иако службена.
23. Шкода Октавија 1.4 тси 122 кс. Не толку сочувана како претходната, и реално онака не баш експлозивна. 1.6 тди-то во претходната далеку подобар мотор во однос на овој.
24. Шкода Рапид 1.2 тси 86 кс
25. Рено меган 4та генерација седан верзија со 1.5 дци, онака океј кола, просторна. 1.5 дци чуден мотор, од 1500 до 3000 вртежи влече, над 3000 вртежи како блокатор да има, подобро престигнувам со брзина погоре него да враќам брзина подоле. Потрошувачка на нафта смешна.
26. Алфа Ромео 159 1.9 јтд 150 кс, реално од денешен аспект можеби за нијанса поскапо ќе ме чинеше за одржување од бравото, али згрешив што не се потрудив да најдам зачуван примерок. Колава ја обожавам, ама тешко дека ќе поседувам некогаш 159ка со оглед на тоа дека веќе годините одат летаат, стареам јас, старее и 159ката.
Последно на листата моето Фиатче.