Од Русија пристигнува спортско купе за 10.000 евра
Во 1998 година, во Таганрог, Русија беше создадена компанија за автомобили која започна да произведува автомобили по лиценцата Daewoo Motors. Година дена подоцна, започна производството на Citroën Berlingo на кој, за потребите на рускиот пазар се ставени ознаките Оrion M.
Како што поминуваше времето, до ден денес се прошири на уште две локации и моментално оваа компанија има скоро 20 различни модели на автомобили. Нив наскоро ќе им се придружи уште еден модел наречен Aquila.
TagAZ Aquila
TagAZ Aquila е купе со четири врати чијашто премиера се очекува на московскиот салон за автомобили овој август. Најголемиот адут на ова купе не би требало да биде неговиот солиден изглед туку неговата цена со која ќе пристигне на пазарот. Според досегашните податоци, рускиот "орел" ќе изнесува отприлика 10.000 евра што го става во рангот на ефтини модели кои Lada и Dacia им ги нудат на потрошувачите. Техничките детали за автомобилот се минимални - се знае само дека Aquila ќе има 1.6 литaрски мотор со рачен менувач.
Автомобилот ќе има и клима, ретровизори со греачи, аудио систаем, ABS и засега непознат број на воздушни перничиња. Достапните фотографии откриваат како ова четиривратно купе е опремено со спортски седишта и алуминиумски фелни, но за дополнителна опрема треба да се доплаќа.
Ова ефтино купе ќе се најде во продажба кон крајот на летото, а се шушка дека TagAz следната година припрема и верзија со две врати и 2.0 литрен бензинец со автоматски менувач. Ако веќе започнавте да се веселите дека конечно може да купете ново спортско купе немојте, затоа што TagAZ ќе се продава само во Русија.
извор:
http://themen.mk/index.php/avto-moto/novosti/2042-od-rusija-pristignuva-kupe-za-10000-evra.html