Автор Тема: TagAZ Aquila  (Прочитано 4517 пати)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
TagAZ Aquila
« на: 21 Јуни 2012, 00:39:58 am »
Од Русија пристигнува спортско купе за 10.000 евра

Во 1998 година, во Таганрог, Русија беше создадена компанија за автомобили која започна да произведува автомобили по лиценцата Daewoo Motors. Година дена подоцна, започна производството на Citroën Berlingo на кој, за потребите на рускиот пазар се ставени ознаките Оrion M.

Како што поминуваше времето, до ден денес се прошири на уште две локации и моментално оваа компанија има скоро 20 различни модели на автомобили. Нив наскоро ќе им се придружи уште еден модел наречен Aquila.

TagAZ Aquila


TagAZ Aquila е купе со четири врати чијашто премиера се очекува на московскиот салон за автомобили овој август. Најголемиот адут на ова купе не би требало да биде неговиот солиден изглед туку неговата цена со која ќе пристигне на пазарот. Според досегашните податоци, рускиот "орел" ќе изнесува отприлика 10.000 евра што го става во рангот на ефтини модели кои Lada и Dacia им ги нудат на потрошувачите. Техничките детали за автомобилот се минимални - се знае само дека Aquila ќе има 1.6 литaрски мотор со рачен менувач.



Автомобилот ќе има и клима, ретровизори со греачи, аудио систаем, ABS и засега непознат број на воздушни перничиња. Достапните фотографии откриваат како ова четиривратно купе е опремено со спортски седишта и алуминиумски фелни, но за дополнителна опрема треба да се доплаќа.







Ова ефтино купе ќе се најде во продажба кон крајот на летото, а се шушка дека TagAz следната година припрема и верзија со две врати и 2.0 литрен бензинец со автоматски менувач. Ако веќе започнавте да се веселите дека конечно може да купете ново спортско купе немојте, затоа што TagAZ ќе се продава само во Русија.

извор: http://themen.mk/index.php/avto-moto/novosti/2042-od-rusija-pristignuva-kupe-za-10000-evra.html

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3809
Одг: TagAZ Aquila
« Одговори #1 на: 21 Јуни 2012, 01:11:03 am »
Pa dobro e za cenata, e sega losata strana e sto ke se prodava only in Russia ;)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: TagAZ Aquila
« Одговори #2 на: 21 Јуни 2012, 02:08:20 am »
Ружно е нек си ебе мајката не би го купил никогаш ни за 5 да го даваат.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: TagAZ Aquila
« Одговори #3 на: 21 Јуни 2012, 02:14:03 am »
Кажав и претодно... Уште двовратна верзија да направат и топ за парите :)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: TagAZ Aquila
« Одговори #4 на: 21 Јуни 2012, 02:15:20 am »
Ружно е нек си ебе мајката не би го купил никогаш ни за 5 да го даваат.


Кај гледаше кога го купуваше Колтот ?




;D ;D ;D ;D ;D ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: TagAZ Aquila
« Одговори #5 на: 21 Јуни 2012, 15:12:25 pm »
Спортско купе? Што е спортско тука? Моторот секако не е спортски а исто така ми изгледа дека ќе има ужасен оversteer

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43709
  • Il Moderatore
Одг: TagAZ Aquila
« Одговори #6 на: 21 Јуни 2012, 15:15:46 pm »
Има оверхенг, ама не значи дека ќе има и оверстир поради тоа. кај FWD колите, моторот се става малку пред предната оска за да има подобра тракција при тргнување, од таму и поголемиот оверхенг отколку кај RWD колите.

Инаку, искрено - ова е ѓубре од ауто ;D ;D ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: TagAZ Aquila
« Одговори #7 на: 21 Јуни 2012, 15:17:49 pm »
Кога го загледав прв пат мислев дека е Алфа ;D

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43709
  • Il Moderatore
Одг: TagAZ Aquila
« Одговори #8 на: 21 Јуни 2012, 15:18:29 pm »
чудни мисли имаш ти, Фаланга ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: TagAZ Aquila
« Одговори #9 на: 21 Јуни 2012, 15:21:25 pm »
Ружно е нек си ебе мајката не би го купил никогаш ни за 5 да го даваат.


Кај гледаше кога го купуваше Колтот ?




;D ;D ;D ;D ;D ;D

На исто место како ти Алфата кога ја купи хаххаа. Колтот кога се купуваше изгледот не беше на прво место меѓу приоритетите си има причини зашто баш тој е купен :) Ама ова ептен ми е одвратно.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: TagAZ Aquila
« Одговори #10 на: 21 Јуни 2012, 15:22:23 pm »
Кога го загледав прв пат мислев дека е Алфа ;D

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: TagAZ Aquila
« Одговори #11 на: 21 Јуни 2012, 15:25:37 pm »
чудни мисли имаш ти, Фаланга ;D
Не, најсериозно.... реков види најубава алфа до сега.... кога тоа да ти било Таг-газ ;D

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: TagAZ Aquila
« Одговори #12 на: 21 Јуни 2012, 15:38:13 pm »
nisto koga nema   ;D ;D ;D  dizel

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: TagAZ Aquila
« Одговори #13 на: 21 Јуни 2012, 17:29:05 pm »
Закон количе! Баш ме интересира какво ќе биде во живо!!! :) Се надевам дека ќе ја одржи добрата цена!

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: TagAZ Aquila
« Одговори #14 на: 21 Јуни 2012, 17:47:08 pm »
Задница ЦРЗ внатрешност од Корвета.