Познатата автомобилска улица во Скопје, Скупи, од сега е дом на уште еден импортер. Станува збор за генералниот увозник на Peugeot, Euroimpex, кој ќе ја пласира марката на втора локација во градот.
По повод отворањето на новиот салон и запознавање на јавноста со него импортерот организираше тест возење на кое потенцијалните купувачи и заинтересирани на располагање имаа шест возила.
Најголем интерес предизвика новиот Peugeot 208 во две верзии, а тука беа и моделите Peugeot 207, 308, 3008 и 508. И додека овие модели можеа да се пробаат прекрасниот Peugeot RCZ стоеше подготвен за статичка презентација.
На новата локација Euroimpex е присутен со продажно сервисен центар каде покрај продажните се нудат и комплетни сервисни услуги.
http://vozi.com.mk/vesti/euroimpex-odi-na-skupi-bb.htmlza pofalba, site avtouvoznici treba da se naogaat na skupi