За настаро ми беше муабетот. Еден другар, наш член ( може да има и низ темава пишано) има купено точак од кај васе за 200 еу и е презадоволен, после година дена. Секако дека ќе начекаш некој што ќе продава добар точак испод цена, ако обрниш внимание на моите предходни 2-3 поста никаде не спомнав да го игнорира тој со ктм-от. Напротив, само кажав што да обрни внимание од мое искуство. Секако дека не може да се споредуба стар велосипед со нов ( од иста марка ). Како што кажа членот е во фаза на разгледување, јас само дадов предлог да разгледа успат и така ќе оди скопје, крај краева немамда се жени со велосипедот. Да не слушнав позитивни коментари за васе од компетентна личност секако немаше да го спомнам. Башка за 24к ќе земиш нов ктм. Да шток ќе биде али нов, со гаранција и ако не скокаш од 10-катници со редовен сервис (гурни ланци ѕвезди подмачкување ) ќе го возиш 10год без да писне.