Земав од Еуростил за 3 точаци, до 45 кила. 3200-3300 беа. Прелесно местење, универзално, некако идеално колку да искочам од Скопје за возење на чист воздух. Она за на кров, 45 минути-1 саат дур го наместиш, да ти се одмили за кратки релации...
За еден точак можеби е побрзо на 5-та врата, меѓутоа за 3 точаци ги местиме по 30 минути. Тоа на сабајле и потоа пак на бегање и багажник не можиш да отвориш.
Еднаш не знам како се случи, ама на другар му испаднаа точаците (не доволно прицврстени) и се исплеткаа со педалата па се свлечкаа малку по асфалт, но арно не се ослободија целосно, оти ќе оделе под автобус јабана, зад нив кој возел. Багажникот исто беше изгребан.
На покрив се местат за 1 минута, е сега томозење е можеби ставањето на носачте и држачот на секое возење, ама според мене посигурно решение.