Али колку да се пише само нешто.

Нема врска, конвенционален ланец има тенденција да се шири после одредена километража и да го возиш без проблем
Истегнат, а не проширен ланец кога ќе возиш „без проблем“, титни ми на мобилен. Е сега, твоите маргини за „без проблем“ возење може се многу широки, па скокање запци, лошо менување, бучен пренос се нормални, па не ти претставуваат проблем.
Да не спомнувам ако го ставиш на MTB и случајно паднеш и удри на камен па да се скине.
Затоа, ова е изум кој се користи на градски велосипеди, со предности како нула одржување, нула можност за паднат ланец, чисти ногавици на панталони и слично.
Како дополнителна информација, традиционалниот систем за менување од два менувачи, од кои задниот виси на алуминиумска „ушка“ специјално дизајнирана
да се скрши со цел да го спаси менувачот од штета при мали-до-средни удари, би рекол со сигурност дека точката на ранливост на двата системи е иста.
Трета работа е што нема таков грип како конвенционален ланец.
Немаш ти друже толкава ватажа во нозе за да стигнеш до лимитот на ременскиот пренос (а лимитот е многу, многу висок).
Четврта работа е што ова нема теорија да биде поставено на пренос за менување брзини а да не се оштети во процесот.
Токму за таа цел измислени се internal gear hubs, за кои убаво може да се образуваш тука:
http://www.sheldonbrown.com/internal-gears.htmlАма колку да се пише само нешто.
П.С. За коли и мотори и други превозни средства не се мешам со самодоверба, бидејќи има работи што не ги знаам. За точаци и се што вклучува велосипедизмот, дипломски, магистерски, а со малку истражување и докторати можам да ви напишам
