Имаш апликации за телефон со као демек либела, пробај така подмести го. Телефонот (или либелата) ќе го ставиш на најрамниот дел од седиштето и тоа нека ти биде репер.
Шината со мерки е баш ради тоа, поместување напред и назад. Оптимално, кога педалите се во хоризонтална позиција (9 часот и 3 часот), коленото што е напред треба да стои точно над осовината од педалата. Тоа можеш да го измериш со уште една ѕидарска алатка - висок (или импровизација од тежок мутер и конец).
Не е толку едноставен резултатот на поместувањето седиште напред и назад. Ако го турнеш многу напред, постои можност иако си подисправен, грбот да не е целосно опуштен и ќе ти се појавуваат болки. Исто се случува и ако е многу назад. Од еднаш подесување нема да се наместиш да ти е удобно. Си треба време, но кога ќе ја погодиш позицијата, ќе ти биде мерак да се качиш на точак.
Јас година дена се мачев со болки во грб кои за среќа излегоа дека се од грешно седиште, а не од грешна величина на рам. Сега си сменив седиште (од такво анатомско со кривини, во рамно без кривини) и мерак ми е да излезам и да возам, да газам, да се притискам и над максимум зошто знам дека нема да ме скине кичма после возење
