Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1145822 пати)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Одг: Велосипед
« Одговори #3720 на: 27 Јули 2016, 15:02:40 pm »
Polar и Drag се сосема ок како точаци со попристапна цена. Capriolo имаат многу тешки рамови.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #3721 на: 27 Јули 2016, 16:01:23 pm »
За тротоари ќе си припазиш малце, како што се качуваш со кола, така и со точак ќе се качуваш. И обавезно кога треба задното тркало да се качи, ќе си потстанеш од седиште.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #3722 на: 27 Јули 2016, 16:07:52 pm »
За тротоари ќе си припазиш малце, како што се качуваш со кола, така и со точак ќе се качуваш. И обавезно кога треба задното тркало да се качи, ќе си потстанеш од седиште.
Или земи си седиште со федери, за да не се матљаш со станување непотребно и онака.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9521
Одг: Велосипед
« Одговори #3723 на: 27 Јули 2016, 16:13:08 pm »
Многу подобро да станеш, заеби седиште со федери

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 634
  • Сузуки Витариче
Одг: Велосипед
« Одговори #3724 на: 27 Јули 2016, 16:14:15 pm »
Polar и Drag се сосема ок како точаци со попристапна цена. Capriolo имаат многу тешки рамови.

Јас само ќе дадам забелешка дека сите овие се продаваат по многу надувани цени кај нас.

Лани земав Polar кој беше 22000 редовна цена. На добар ден даваа 10% попуст за кеш.
Јас преку познанства успеав да го земам за 15000.

Сигурен сум дека имаат добра заработка и на таа цена.
Потпис.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5850
Одг: Велосипед
« Одговори #3725 на: 27 Јули 2016, 16:19:11 pm »
Приметив со попустот, вика овој е 34 ќе ти го дадам за 25. Тууу, значи дуваат цени и ти да се залеташ као многу попуст ти дале.

Еве спецификации на тој првиот што го ставив, 14 500 цена.



Вреди ли?

Отсутен Diablo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
Одг: Велосипед
« Одговори #3726 на: 27 Јули 2016, 16:20:54 pm »
Во бајкмаркет
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

14500 Полар Глидер со потенки гуми. Добар е вака ама се мислам за тоа колку тие гуми се издржливи на пример симнување качување по тротоарче и слично.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Алпина овие под Полар некои 12 500 до подебели гуми.

Што викате за првиот? Цениве се со попуст и дечките се супер услужливи.
Овој вториов го имам дома јас, барај минумум Л големина и ценкај се нека дадат попуст до кај 11000 илјади за него.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5850
Одг: Велосипед
« Одговори #3727 на: 27 Јули 2016, 16:28:16 pm »
Хл  ми нудат за мене кај шо прашувам. Тој првиот ми е таман и повеќе кејф ми праи. Ќе пробам уште 1000ка да спуштам ако успеам.

Отсутен Diablo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
Одг: Велосипед
« Одговори #3728 на: 27 Јули 2016, 16:30:28 pm »
Хл  ми нудат за мене кај шо прашувам. Тој првиот ми е таман и повеќе кејф ми праи.
Епа штом ти прави кејф земај го, имаат 1 година гаранција така?

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5850
Одг: Велосипед
« Одговори #3729 на: 27 Јули 2016, 16:34:51 pm »
Да. Пројдов и на други места ама подобро за тие пари нигде не најдов.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7610
Одг: Велосипед
« Одговори #3730 на: 27 Јули 2016, 17:00:40 pm »

Јас само ќе дадам забелешка дека сите овие се продаваат по многу надувани цени кај нас.

Лани земав Polar кој беше 22000 редовна цена. На добар ден даваа 10% попуст за кеш.
Јас преку познанства успеав да го земам за 15000.

Сигурен сум дека имаат добра заработка и на таа цена.

Јас земав Полар Аваланш кој на редовната цена од 31.000ден, имаше попуст од фабриката демек  околу 23.000, ми го дадоа за 21/22.000 мислам, и 3.000 денари од општина Центар си вратив. ;D :D

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Одг: Велосипед
« Одговори #3731 на: 27 Јули 2016, 17:51:02 pm »
Со ефтин точак ќе си имаш редовно работа со лагерчиња, па кочниците се изместиле, запчаник се скршил. Најмалку еднаш годишно ке му правиш таков сервис ако го возиш постојано, ке менуваш лагери на сите тркала. Додуше кај мене последниов запчаник долго ме тера, а ми се кршеше само последниот запчаник на задно тркало затоа што се форсирав да искачувам успони во последна брзина назад и на втора напред, ама тоа порано, сега и немам таква кондиција, па го усогласувам степенот на пренос, напред на второ, позади на 3-4 запчаник и немам гајле.
Еве пред 1 недела ги сменив лагерите на предно тркало, им изнаставав доста маст, позади на задното беше олабавено и само од едната страна изнаставав маст и вчера со Кими бевме на стаза, одма разлика се почувствува, полесно иде, цела стаза во едно средно накај високо темпо ја извозевме без никаков проблем, додека претходни 2-3 пати мака мачев, уште на плоштад снемував сила, а треба до влив на Лепенец, да возиме, назад до Фон, потоа дома.
Е сега колку ке ме тера во оваква ''релативно добра'' состојба ке видиме.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2654
Одг: Велосипед
« Одговори #3732 на: 27 Јули 2016, 18:37:42 pm »
Се сеќавам како пред 12-13  години си купив(ми купија) нов точак. Убав, голем, жолт со жолти гуми. не беше ефтин! добар точак за тоа време. - 6 000 денари!
И тоа беше топ. Имав најдобар точак у маало.  :D Сега нема точак под 10 000 денари  :-\ ни половен салам нема за тие пари.
А жутиот  веќе не е во возна состојба...
Незнам дали се исплаќа да го правам или да земам друг. Му фалат тркала(2гуми+1 бандаж) и ланец...

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5850
Одг: Велосипед
« Одговори #3733 на: 27 Јули 2016, 19:27:39 pm »
Епа бидна :) :)



Се надевам дека не згрешив. Дечкото таму што работи дури неќеше да ми продаде поскап точак откако му кажав за што ќе го користам и ми рече овој е ко за твоите потреби а и мене ми фати око. Исто така ми рече со овие гуми ќе ти е подобро отколку еден друг поскап Полар што го гледав. Иначе го возев до сеа супер тера дека со тенки гуми и шалтерот си е добар. Газдата беше таму и ми вика, ќе го возиш сеа едно 100км крвнички под наводници ама во смисла да не го пазам многу да се види дали ќе јави нешто, па потоа ќе дојдеш да се прештелува и да се подмачка, нормално без пари тоа се. 3 пати по ред имам право без пари да идам. Гаранција една година.
« Последно менување: 27 Јули 2016, 20:29:44 pm Allexxander »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #3734 на: 27 Јули 2016, 21:20:27 pm »
Нормално дека со нормални гуми треба да е.