Со ефтин точак ќе си имаш редовно работа со лагерчиња, па кочниците се изместиле, запчаник се скршил. Најмалку еднаш годишно ке му правиш таков сервис ако го возиш постојано, ке менуваш лагери на сите тркала. Додуше кај мене последниов запчаник долго ме тера, а ми се кршеше само последниот запчаник на задно тркало затоа што се форсирав да искачувам успони во последна брзина назад и на втора напред, ама тоа порано, сега и немам таква кондиција, па го усогласувам степенот на пренос, напред на второ, позади на 3-4 запчаник и немам гајле.
Еве пред 1 недела ги сменив лагерите на предно тркало, им изнаставав доста маст, позади на задното беше олабавено и само од едната страна изнаставав маст и вчера со Кими бевме на стаза, одма разлика се почувствува, полесно иде, цела стаза во едно средно накај високо темпо ја извозевме без никаков проблем, додека претходни 2-3 пати мака мачев, уште на плоштад снемував сила, а треба до влив на Лепенец, да возиме, назад до Фон, потоа дома.
Е сега колку ке ме тера во оваква ''релативно добра'' состојба ке видиме.