Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1146324 пати)

Отсутен hrn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 530
Одг: Велосипед
« Одговори #3675 на: 24 Јуни 2016, 19:47:35 pm »
Не вреди да се ебаваш и да пробуваш да го праавиш, особено ако е оваа генерација на Deore. Ако го скрпиш лошо може само поголема штета да ти направи.

Се наоѓа ваков мењач за 500-600 денари половен и исправен. :)

Готово купив нов прееска 1000 ден. и ги сменив сите сајли беа испукани и стари сеа си кочи убаво ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #3676 на: 06 Јули 2016, 09:48:56 am »

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5850
Одг: Велосипед
« Одговори #3677 на: 13 Јули 2016, 17:49:04 pm »
Дечки, ај поупатените препорачајте ми некое точаче докај 100 евра. Значи ми требаат педаљи нешто што е најдобар избор до тие пари, нема да одам на тур де франс ми треба за на кеј да вртам само и до овде до онде, инвалид станав со колава...  :)  :) Може и половен само да не е многу исчукан. Големина не знам како идат таму, ама еве висина 185цм негде тежина 90кг. Дали може да се најде нешто до таа цена, знам дека тој точак не е саглам ама ви викам ми треба за повремено возење.
« Последно менување: 13 Јули 2016, 17:54:28 pm Allexxander »

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Велосипед
« Одговори #3678 на: 13 Јули 2016, 18:53:48 pm »
Колку што се сеќавам можеш да најдеш и нов точак(по нашки, кочански) за тие пари, нема да е некој професионален или незнам што, ама барем имаш нов, колку толку можеби 1 година нема ништо да фанеш во него(збореме за ситни работи, гумички на кочници, сајла итн.), јас купив колку што ме држе меморијата за 8000 малце демек ПОдобар пред 3 години, зборот ми беше за 100евра се наоѓа добар велосипед и на ново и на старо, јас го купив од овде
https://www.facebook.com/filadelfija.com.mk/?fref=ts
не ми е ни рода ни пријател ни па знам чиво е дуќанчето, можеби има и во Скопје(доколку си од Скопје) ваква продавница, се продава главно бела техника

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #3679 на: 13 Јули 2016, 19:24:18 pm »
Преувеличување е тоа дека ќе немаш проблеми во следните година дена. Ако го возиш повеќе од 1 неделно, тој период е максимум 3 месеци. После ќе почне да крцка, ќе се изместат брзини, кочници, ќе добие луфта на битни места, и така.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #3680 на: 13 Јули 2016, 21:23:45 pm »
Дечки, ај поупатените препорачајте ми некое точаче докај 100 евра. Значи ми требаат педаљи нешто што е најдобар избор до тие пари, нема да одам на тур де франс ми треба за на кеј да вртам само и до овде до онде, инвалид станав со колава...  :)  :) Може и половен само да не е многу исчукан. Големина не знам како идат таму, ама еве висина 185цм негде тежина 90кг. Дали може да се најде нешто до таа цена, знам дека тој точак не е саглам ама ви викам ми треба за повремено возење.
Зошто не реагираше кога беа субвенциите да си фатиш 3000 кеш гратис? Можда уште траат, утре сабајле трчај по точак и одма нека ти поднесе некој од Центар за субвенција.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Велосипед
« Одговори #3681 на: 14 Јули 2016, 00:57:11 am »

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Одг: Велосипед
« Одговори #3682 на: 21 Јули 2016, 13:10:34 pm »

Присутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7366
Одг: Велосипед
« Одговори #3683 на: 21 Јули 2016, 14:59:38 pm »
БРАВО за видеово, од возење до монтажа, кој е дечково, од кај баш кај нас?

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Одг: Велосипед
« Одговори #3684 на: 21 Јули 2016, 19:25:53 pm »
Тест возачот на Fuji велосипедите снимаше низ Македонија


Откако репрезентативниот професионален тест возач на Fuji велосипедите, германецот
Енди Шустер, одлучи да снима и вози низ Македонија со својот Fuji Auric, некои луѓе
зачудено го прашуваа:

“МТБ видео во Македонија? Ти си надвор од твојот ум!”

“Што ќе правиш во таква земја? Тоа е премногу опасно и нема што да се види.”

Еве неколку извадоци од извештајот на Енди за патувањето кое го реализираше пред неколку месеци:

“Изнаоѓањето на забавни патеки навистина не е некаков предизвик, имајќи го во предвид
фактот дека 80 проценти од Македонија се планини и ридови. Тоа е видливо во секој поглед
што ќе го направите. Патем, не е необично што на патот при искачување до врвот (Водно)
може да бидете опкружени со мистичен звук на некое минаре, кое ве воведува во културата
на муслиманското религиозно малцинство во земјата.

“Македонија не остави без зборови, дури и полицијата беше насмеана, мавтајќи ни, додека
Енди возеше по ѕидовите низ градот. Сакам да им се заблагодарам и да ги пофалам
граѓаните на Македонија, за нивната голема гостопримливост и неверојатно пријателство
со кое тие не третира за време на нашето патување. ”

Fala (Thank You) Macedonia!

http://skimacedonia.mk/test-vozacot-na-fuji-bikes-snimashe-niz-makedonija/

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1444
  • Eбач на батерии :D
Одг: Велосипед
« Одговори #3685 на: 21 Јули 2016, 20:14:38 pm »
Каде може да се најдат Гуртни за велосипед?
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Велосипед
« Одговори #3686 на: 21 Јули 2016, 20:31:09 pm »
Премногу опасно е, со калаши чекаат на секој ќош :D

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Велосипед
« Одговори #3687 на: 22 Јули 2016, 17:20:09 pm »
Каде може да се најдат Гуртни за велосипед?
Во продавница за велосипеди, и ако мислиш на оние гумените за на бандаш, препорачувам Jagwire.

А за дискови, алиекспрес.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2622
  • Custom made interiors
Одг: Велосипед
« Одговори #3688 на: 22 Јули 2016, 22:51:27 pm »
И јас сум за добри пакни за В брејк. Какви да земам и колку пари се?

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2360
Одг: Велосипед
« Одговори #3689 на: 23 Јули 2016, 00:01:33 am »
И јас сум за добри пакни за В брејк. Какви да земам и колку пари се?
Koolstop ако можеш да најдеш.Имаше во бајкстоп едно време.