Дечки, на што да се внимава при избор на детско седиште за на тачак?
Начинот на прицврстување ти е битен затоа што многу веројатно ќе треба да го прицврстиш за рамот баш таму каде што ти поминуваат сајли за кочница или шалтерите.
Инаку битно е да е удобно и да има некаква подлога за седење за да не се треска по дупки и тротоари.
И кога ќе возиш дете на седиште, твоето седиште ќе по потспуштиш за да не ти гледа детето у задник.
Ако начекаш Декатлон во Германија, имаш добри седишта таму што се прицврстуваат за рамот, и една верзија што се прицврстува на осовина од задно тркало. Најдобро ти е да отидеш со точак и да го монтираш за да видиш дали ќе ти пасува седиштето. Моја препорака е да не го купуваш на ќоро без да пробаш.
На крај и едно шлемче за малото ќе купиш и шибај.
Тоа е.