Постои концептуална разлика меѓу првиот, и другите точаци. Првиот е практично road bike со рамен волан, додека другите се хибриди.
Што ти значи на тебе тоа? Првиот точак има малку поагресивна (можеби и понеудобна) геометрија, додека другите се наменети за порелаксирано возење.
Дека го платил (или уште помалку вреди) 700 евра, не ми се верува, ама океј. Според составните компоненти, треба да е малку подобро заштрафен од Драговите, иако човекот што организира неделни долги тури (Explore Macedonia Tour - поздрав ако чита некој) отепа од возење Drag Grand Canyon, по неколку илјади километри годишно, последниве 2-3 години.
Изборот останува на тоа дали Фокусот ти е точна големина, а тек потоа да се качиш и на него и на другите и да повозиш, и да видиш што повеќе ти одговара.
