Дечки,решив ќе купувам бицикл,нов,до кај 24К.Ако има уште субвенции од о.Центар супер.
Планирам да го користам за возење по асфалт претежно,но не само во град,туку и надвор.Некогаш ќе треба да се вози и по земјени патчиња во природа.Висок сум околу 200 cm,тежок 102-3 kg,така да точакот веројатно треба да биде од оние поголемите.Не се разбирам у термини ваков онаков,сакам да купам квалитетен точак,да биде поуздан,добро да кочи,да не биде премногу тежок,ама да биде цврст,и да има удобно седиште да не боли гс после пола саат вожња.Планирам следнава и после таа недела да прошетам по продавниците кои ќе ми ги препорачате и да се одлучам што ќе земам.Јас толку се разбирам,ако нешто испуштам ве молам за совет.Само да напоменам,не мора да биде точакот со цена до крајниот лимит,може и да биде поефтин.