Одличен избор на механички диск кочници и тоа по супер цена. За колку време ти стигнаа и дали плати царина или ДДВ?
Сакам и јас да нарачам некои делови преку интернет, ама како што гледам по законот, за се над 22 евра се плаќа ДДВ, а за се над 45 евра и ДДВ и царина. А продавниците за велосипеди во Скопје со делови стојат како штотуку да ги опљачкале.
Добри ти се математиките за давачките, а вака јас направив, се е од алиекспрес и секој дел од различен продавач, т.е различна пратка:
- пар дискови 12$ (по 2 месеци стигнаа)
- кочници/шепи 56$ (по 1.5 месец стигнаа, не платив ддв а требаше, ама изгледа си рекоа кај нас уште една играчка од кина и безпари си поминав)

- адаптери 15$ (неверојатно, 6 дена)
Прв пат од алија да купам вакво нешто пошто знајме што роба е 90% таму, затоа со резерва...
А инаку квалитетни работи и оригинали од chainreactioncycles(одбиваат данок) и амазон порачувам, ама од таму никогаш не ми бегаат давачките.