Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1145714 пати)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Велосипед
« Одговори #3360 на: 27 Август 2015, 08:36:51 am »
Одличен избор на механички диск кочници и тоа по супер цена. За колку време ти стигнаа и дали плати царина или ДДВ?
Сакам и јас да нарачам некои делови преку интернет, ама како што гледам по законот, за се над 22 евра се плаќа ДДВ, а за се над 45 евра и ДДВ и царина. А продавниците за велосипеди во Скопје со делови стојат како штотуку да ги опљачкале.

Добри ти се математиките за давачките, а вака јас направив, се е од алиекспрес и секој дел од различен продавач, т.е различна пратка:
- пар дискови 12$ (по 2 месеци стигнаа)
- кочници/шепи 56$ (по 1.5 месец стигнаа, не платив ддв а требаше, ама изгледа си рекоа кај нас уште една играчка од кина и безпари си поминав) :)
- адаптери 15$ (неверојатно, 6 дена)

Прв пат од алија да купам вакво нешто пошто знајме што роба е 90% таму, затоа со резерва...
А инаку квалитетни работи и оригинали од chainreactioncycles(одбиваат данок) и амазон порачувам, ама од таму никогаш не ми бегаат давачките.

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Велосипед
« Одговори #3361 на: 27 Август 2015, 09:52:29 am »
Kenda мислем дека е поскапа од Rubena и би требало да е подобра.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Велосипед
« Одговори #3362 на: 27 Август 2015, 13:27:45 pm »

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: Велосипед
« Одговори #3363 на: 29 Август 2015, 14:30:13 pm »
Добри ти се математиките за давачките, а вака јас направив, се е од алиекспрес и секој дел од различен продавач, т.е различна пратка:
- пар дискови 12$ (по 2 месеци стигнаа)
- кочници/шепи 56$ (по 1.5 месец стигнаа, не платив ддв а требаше, ама изгледа си рекоа кај нас уште една играчка од кина и безпари си поминав) :)
- адаптери 15$ (неверојатно, 6 дена)

Прв пат од алија да купам вакво нешто пошто знајме што роба е 90% таму, затоа со резерва...
А инаку квалитетни работи и оригинали од chainreactioncycles(одбиваат данок) и амазон порачувам, ама од таму никогаш не ми бегаат давачките.

Добро си поминал, за шепите си требал да платиш и ДДВ и царина. Како ти се чини квалитетот на деловите?

Јас веќе некое време меркам некои ствари на chainreactioncycles, претежно под 45 евра. Ме интересира, ако пакетот е 20 евра а со шипинг изнесува околу 27 евра дали треба да платам ДДВ и колку изнесува тоа? Нема логика да ја земаат во предвид целата сума заедно со шипингот, туку би требало да ја имаат во предвид цената на самата стока. Иако овде сите закони се дијаметрално спротивни на логиката.

Kenda или Rubena надворешна?

Зависи, тешко е вака да се каже само според имињата на брендовите. Ако можеш сподели некаква информација околу гумите за кои се интересираш, да видиме за што се работи.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Велосипед
« Одговори #3364 на: 29 Август 2015, 15:26:13 pm »
Веќе земено 350ден. на пазар во ѓорче.

http://www.rubena.co.hu/english/kulsok_rubena_v41_walrus_city.html


Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2123
Одг: Велосипед
« Одговори #3365 на: 30 Август 2015, 18:50:05 pm »
http://grouper.mk/skopje/deal/pro-sport-velosiped-gr-aggressor

се исплати ли за оваа цена ?

Отсутен Temelk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 57
Одг: Велосипед
« Одговори #3366 на: 30 Август 2015, 20:11:19 pm »
http://grouper.mk/skopje/deal/pro-sport-velosiped-gr-aggressor

се исплати ли за оваа цена ?
Истото ме интересира...

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #3367 на: 30 Август 2015, 20:57:58 pm »
Зад производот стои најдобриот бајк шоп во Македонија. Тоа е еден плус.
Второ, за истата цена во Македонија може да се купи само Полар/Каприоло и така натаму, што и не се лоши велосипеди, ама GT е сепак неколкукратно порепутабилен бренд од нив.

Најбитно е да се јавиш во Проспорт и да прашаш дали имаат твоја големина. Ако имаат, и ако сакаш да купиш точаче до таа цена, купувај. :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Одг: Велосипед
« Одговори #3368 на: 31 Август 2015, 11:49:10 am »
Сега пред малку го видов и го провози точаков од понудата.
Не е ништо посебно.

Max со GT лепенки.
:(

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Велосипед
« Одговори #3369 на: 31 Август 2015, 14:37:21 pm »

Добро си поминал, за шепите си требал да платиш и ДДВ и царина. Како ти се чини квалитетот на деловите?

Јас веќе некое време меркам некои ствари на chainreactioncycles, претежно под 45 евра. Ме интересира, ако пакетот е 20 евра а со шипинг изнесува околу 27 евра дали треба да платам ДДВ и колку изнесува тоа? Нема логика да ја земаат во предвид целата сума заедно со шипингот, туку би требало да ја имаат во предвид цената на самата стока. Иако овде сите закони се дијаметрално спротивни на логиката.

Според законот давачките се пресметуваат на цената на стоката плус шипингот, а и така прават ако дојди работата до царинење, барем кај мене досега.

А јас засега задоволен од кочниците, изгледаат оригинални, кочат доволно и подобро од ББ5-ките, и сега засега право вртат дисковите.
Причината што се поевтини е најверојатно што не идат во оригинало пакување, туку рефус па затоа со оглед дека платив едно 20% пониска цена не се соменвам во квалитетот. Да беше 50% пониска цената е тогаш е сумливо.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: Велосипед
« Одговори #3370 на: 31 Август 2015, 23:16:06 pm »
Според законот давачките се пресметуваат на цената на стоката плус шипингот, а и така прават ако дојди работата до царинење, барем кај мене досега.

А јас засега задоволен од кочниците, изгледаат оригинални, кочат доволно и подобро од ББ5-ките, и сега засега право вртат дисковите.
Причината што се поевтини е најверојатно што не идат во оригинало пакување, туку рефус па затоа со оглед дека платив едно 20% пониска цена не се соменвам во квалитетот. Да беше 50% пониска цената е тогаш е сумливо.

Какви хохштаплери, само гледаат да те одерат. Со шипинг, дури и поевтините работи влегуваат во категорија за плаќање ДДВ. Во тој случај, ќе размислам уште малку.

Штом викаш дека кочниците не дошле во оригинално пакување, можно е да се OEM делови, односно делови продадени од компанијата (Avid, Sram) на компанија што произведува велосипеди. Во овој случај, Sram штеди на пакување а и продава на големо, со што може да понуди пониска цена. Овие делови веројатно не биле искористени и се нашле на продажба. Добра зделка.

http://grouper.mk/skopje/deal/pro-sport-velosiped-gr-aggressor

се исплати ли за оваа цена ?
Истото ме интересира...

Земајќи го во предвид попустот, не е толку лош велосипед за таа цена. Вилушката е лоша, 63мм од на лист, во пракса можеби само пола од тоа. За некоја илјадарка повеќе, би требало да може да се купи нешто доста подобро.

Max со GT лепенки.
:(

http://www.agrotehna.com.mk/ShopDetal.aspx?ArticleID=15174&i=2257&l=MK&q=&SupplierArticleID=CHEROKY%20DARK%20SILVER%20015&Action=4

Како тргнала работава, GT ќе става Max лепенки. :)
« Последно менување: 31 Август 2015, 23:22:05 pm Shuriken »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #3371 на: 01 Септември 2015, 00:04:11 am »
Леле не можам од смеење да се вратам со франкенштајнов на Макс ::) ::) ::) ::) ;D ;D ;D ;D

39.000 факинг македонски денари!!!!!!!!!!11 Им стаиле печурки во кокаинот!

За 39.000 денари по редовна цена се зема мојот RAM. Со дваесет и седум пати подобри и поквалитетни компоненти.

Си го замислувам човекот што ќе пукне 550 евра за точак и на точакот ќе пишува Мах... Сочуство до него.

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Велосипед
« Одговори #3372 на: 01 Септември 2015, 10:19:47 am »
Кој ти е крив што рам се поевтини од макс. :D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #3373 на: 01 Септември 2015, 14:58:44 pm »
Никој брат, сите ги сакам поради тоа!

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Велосипед
« Одговори #3374 на: 01 Септември 2015, 17:26:48 pm »