Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1146142 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Велосипед
« Одговори #2085 на: 15 Јуни 2014, 17:41:38 pm »
Зошто без дискови?

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7610
Одг: Велосипед
« Одговори #2086 на: 15 Јуни 2014, 18:19:48 pm »
^- За да си стави ваков систем на кочници :)



И мене некако не ми иде роад бајк со дискови... Мислам и дека нема некои екстремни потреби за запирање, како пример ДХ точак на планински терен надоле и слично :) Башка, класика си е класика.

Деновиве со Фиц планираме вожња на Водно, надоле по патеките. Мислам дека би било после 16.30. Ако има некој за дружба, повелете :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #2087 на: 15 Јуни 2014, 20:05:37 pm »


Вака изгледа Roubaix Disc моделот. Според мене ова е сквернавење и беспотребно заебавање со есенцијалната формула на друмски велосипедизам - тежината.
Џабе карбонски труп/рам кога ќе му бапнеш две тешки алуминиумски клешти, два диска и главини кои е потребно да тежат повеќе за да истрпат екстра напор предизвикан од кочиона сила.
Откако ми легнаа впечатоците од Венџот, би кажал дека е страшна машина, ниеден Ват вложен во педала не се троши залудно туку се пренедува во движечка сила. Негативност при тоа е што додека на младич ко мене на кој точачето би му било финансиранп од татко му, не би сметала толку агресивна и неудобна вожња, 35+ годишниот човек кој со години работел да си го дозволи точакот може набрзо да се измори/повреди од цврстината на рамот.
Тоа се моите 5 центи во поглед на тестот на Specialized Venge.
Заклучок е дека неизмерно уживав во тоа што точакот имаше да го пружи, и откако денес се качив на мојот челичен велосипед, сфатив дека сакам, и заслужувам нешто мнооогу подобро од тоа што сега го тркалам. :)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Велосипед
« Одговори #2088 на: 15 Јуни 2014, 20:08:46 pm »
Штета не стигнав да отидам јас ни вчера ни денес. Не ми е за друго криво, брачед време слично ми напраил хахах :) Дарко од коментариве можам да видам дека ти уствари сакаш мек точак на спуст. Јас па сакам такви нервозни што скокаат :) За електрониката дај некој коментар, подобро работи од твојата механичка Кампањоло?
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Велосипед
« Одговори #2089 на: 15 Јуни 2014, 20:09:40 pm »
Морам д си се пофалам бе морам :)

Денес сабајле се искачив до крстот на Водно. Пресреќен сум.
Активен пушач веќе7 години, од спортување во последните 7-8 години НИШТО. Пред 4-5 дена земав точак нели, еднаш го извозев на кеј едно 20тина км и толку ова ми беше втор пат. До средно без некој поголеми проблеми, ми беше тешко ама не страшно многу тешко. Со две-три паузи до средно од околу минута, да се напијам вода, се давев од цигарите :)
На средно мал одмор и решивме да идеме до врв. Од средно до горе се окозив, ама успеав. Веслав, веслав едвај. Од местото каде што пишува дека има три км ми стана доста тешко, негде отприлика од кај тоа одмаралиштето или што и да е. Тој км ми се виде како сто години, после мала удолница и земање залет, па последните 500 метри најтешки ама полека полека стигнав. :)

Кога доаѓа времето да се спуштитш надоле сфаќаш дека целиот тој напор вредеше. НА почеток ми беше малце повеќе страв, ипак уште го немам навикнато ни точакот, а горе имаше доста песок на првите неколку кривини и дупки, градат нешто, после на првата или втората кривиниа за малце ке се стркалав надоле, ама па попосле се опуштив, како идев надоле се побрзо и побрзо терав и кога се опуштив и се препуштив повеќе на возењето и уживав почна да има доста гужва, па таман ќе фатев кривина со добра брзина, ме чекаа толпа луѓе после тоа па морам да кочам ко ненормален. Ја разбирам дека луѓето излегле фамилијарно, ама тоа не значи дека треба да идат сите во еден ред и да ја зафатат сред улица. Имаше доста спермни велосипедисти кои се отепаа пцуејки за тоа, па затоа малце и пазев на крај. Од средно надоле пополека, имаше доста коли, а после и мотори што се тркаа нагоре :S

Така да за надале извадив макс од 41км/х знам дека е мала брзина за разлика од таа што ја тераат крелл, Томе, Фиц и компаниа арно ама за прв пат ја сум презадоволен. Сега малце одморив и добро е, сеуште можам да се движам, ќе видиме утре сигурно ко ебан ке одам али вредеше :)

А да, го видов тоа на Specialized што беше тестот, ама ме мрзеше да се возам после тоа. На качување не ни планирав да се замарам со нив, а на симнување многу ми беше убаво за пак да се замарам со нив :D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Велосипед
« Одговори #2090 на: 15 Јуни 2014, 20:12:10 pm »
Добра ти е оваа 41км/х за на рамно :D.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Велосипед
« Одговори #2091 на: 15 Јуни 2014, 20:13:38 pm »
Да беше поголема, сега немаше да бидам тука со вас, ќе завршев директива у некоја трафика доле :P
Страв ми беше си признавам на почеток, ем нов точак уште се неам навикнато, здравје втор трет пат повеќе и подобро :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #2092 на: 15 Јуни 2014, 20:15:13 pm »
Дики, не гледај на максимална брзина на спуст, гледај на просечна брзина на качување да се подобриш :) Тоа е интересното со Страва, те рангира и си гледаш до кај си, па те тера да се притиснеш малку, и тако даље. Глеај да ја оправиш Стравата некако :)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Одг: Велосипед
« Одговори #2093 на: 15 Јуни 2014, 20:15:39 pm »
Ајде ајде, супер е за прв пат!

Инаку мене ми е мило што не отидов на тест возење на Specialized, пошто ќе ми се скршеше меракот на Polar-от.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Велосипед
« Одговори #2094 на: 15 Јуни 2014, 20:16:19 pm »
Абе на овој телефон стравата не ми е ОК. немам доволно меморија да ги аплоудува работите, сега таман со новиот телефон (али до тогаш уште едно 6 путу се искачувам :P )

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Велосипед
« Одговори #2095 на: 15 Јуни 2014, 20:17:57 pm »
Гарминче земи си батали телефон хаха
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Велосипед
« Одговори #2096 на: 15 Јуни 2014, 20:20:23 pm »
Томе, ако ми влезе у глава оваа работа ко тебе што ти навлезе, море без пари ќе останам :D
Шача на страна, Мартин е у право, на качувањето треба да, здравје, полека-полека

Сега за сега не идам пак до врв подугачко време, видов како е, треба малце да се спремам подобро, до средно ДА :D

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Одг: Велосипед
« Одговори #2097 на: 15 Јуни 2014, 20:34:16 pm »

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Одг: Велосипед
« Одговори #2098 на: 15 Јуни 2014, 23:15:52 pm »
Колку има до средно водно ? И колку до крстот ? од скопје (кога ќе почнат угорниците)..

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Велосипед
« Одговори #2099 на: 15 Јуни 2014, 23:54:38 pm »
После ке разгледам колку има, инаку спорти Пал вика до кај мене дома до врв и назад 35,8 км (арно ама на две три кривини пред средно ми падна џпс-от) околу 500 метри плус :)