^ ^ ^
Пред 3 години (уау кога поминаа!) зедов Scott P5 од „Вучко“ и многу сум задоволен. Беше околу 30.000, но многу ми убаво ми легна - цврст, стабилен, не покажува знаци на „умор“, со хибридни гуми (одздола мазни, по ивиците назабени) и секаде делува компетентно: и на асфалт, и на трева. Најдолгата релација која ја имам поминато е околу 40 километри, а низ град едно време го возев до работа и назад (пред да ми текне дека е идиотски и нездраво да се напрегаш физички и забрзано да дишеш ауспух и азбест). Можам топло да ти го препорачам, а гледам и интернет вика дека нема да се заебеш.