Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1146232 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Велосипед
« Одговори #1635 на: 29 Јануари 2014, 22:45:15 pm »
Додека комуницираш со Canyon, би требало да прашаш кои се транспортните трошоци до Македонија. Доколку си прашал, би било океј да споделиш тука.
Тоа е лошиот дел. Поштарина за Бугарија, Хрватска, Грција... 38 до 40евра. Поштарина за Македонија... 300 ЕВРА!!! 
https://www.canyon.com/_en/shop/information/delivery.html

Тоа ти е реалноста на живеењето во Македнија, нема пејпал, се плаќаме поскапо, не може да ти стигне брза пошта (Федекс, УПС, ДХЛ) без да платиш шпедиција, лежарина на аеродром, па уште и губиш на аеродром пола ден... баш БРЗА ПОШТА.
И... каде бев, а да... ете така и Canyon испраќа до соседите за 38евра а кај нас за 300.

Туку јас најверојатно од Бугарија ќе си го земам точакот, еден викенд некаде на Спа и ќе си го нарачам на адреса на хотелот.


Плус така имаш шанса да избегнеш и ддв и царина :), и  да платиш само основна експорт цена плус транспорт :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #1636 на: 30 Јануари 2014, 00:23:47 am »
Лоша среќа е да шпекулирам пред да... ахемм... да идам на одмор.

Така да ќе видиме. ;)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Велосипед
« Одговори #1637 на: 30 Јануари 2014, 00:41:40 am »
@krell:
19. Кога одговарате на пост, нема потреба од цитирање ако одговарате веднаш по постот. Ако одговарате после неколку постови, можете или да цитирате, или да напишете @тојитој. Нема потреба да цитирате ако на пост од 20 реда одговарате со 2 реда текст. Полесно е да напишете @тојитој или да го цитирате само релевантниот дел од постот.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен desden

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Велосипед
« Одговори #1638 на: 30 Јануари 2014, 00:52:02 am »
...

...


Мерено е 3 пати, земена е средната вредност од трите мерења, за да биде колку толку точно. :) Имам долги нозе и долги раце 100%, споредено со 5ца пријатели со разни висини. Знам дека XL не ми одговара според висина, ама па Треков од другарот немам потешкотии да го возам... поентата ми беше дека ако се ориентирам според effective top tube тогаш кај некој произведувач сум L, кај некој XL.  Ама не може се да е до top tube, на пример види ја геометријава на Трек 3700 http://www.trekbikes.com/int/en/model/fit_sizing?url=int/en/bikes/mountain/sport/3_series/3700
L -58cm, XL - 59cm, XXL - 60cm
Многу мали разлики се ова за да се ориентирам само според top tube. Според мене, ваљда би поминал најдобро ако земам L или нешто околу 19" рамка, зависи како ги обележуваат произведувачите. Кај една фирма 19" рамка е еквивалентна на 21" рамка според top tube. Мислев должината на top tube-от да ми служи како водич, ама очигледно не е тоа тоа.

Не е само ефективната top tube мерката. Тоа е најдобро за ориентација, ама сепак зависи и од аглите на точакот (аглите може да направат да виртуелната топ тјуб е подолга иако бројките на топ тјуб кажува пократко (така е на Пинарело -во. 53 цм е пандан на Специализед 54 цм големина на рам).

Јас да сум на твое место, ако зимаш на слепо, држи се до Л односно 19 инча.Инаку подобро е да земеш нешто помал (па со поголем стем и со седиште назад ќе се наместиш). Поголем рам, потежок за контрола и ќе се бориш со него, посебно ако возиш некој off road.

Исто не заборавај дека ако ептен утнеш големина, не те спасува ни стем/седиште бидејќи сепак треба да си централно поставен на точакот за да е стабилно.


Кај Треков и не е така мала разликата при реално возење, бидејќи Л и XL имаат различни агли, различно растојание на тркала итн итн..
Вака по димензија на раце/нозе те замислувам ко Спајдермен :)

Мој совет:

Пробај неколку разни брендови во М и Л димензија и види што ти е потамам (кај М -от ако треба нек ти стават подолг стем).

XL не си дефинитивно


Другар ми е 188 цм и вози Л, не вози XL.

Другар што вози XL е 201 цм висок, и стварно има долги раце и нозе.

Чисто за споредба ова :)


Проблемот е што во живот имам седнато на вкупно 3 точаци, и немам осет што точно подразбира еден точак да ти е стварно точен, да ти лежи добро... Затоа барав некоја референтна точка ко top tube, ама магична бројка нема, затоа и дискутираме.
Споредбата со Спајдермен не ти е далеку од реалноста. :) Уште па и кифоза дека имам... бонус центиметри кога се тегнам кон рачките.  ;D Значи барам рамка L, ~19", готово.

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Велосипед
« Одговори #1639 на: 30 Јануари 2014, 03:21:53 am »
Toп видеа,само за мераклии..... :)
http://www.epictv.com/media/podcast/downtown-dunedin-mtb-qualifier---streets-stairs-sidewalks-oh-my-|-the-kiwis-ep-3/269929

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Велосипед
« Одговори #1640 на: 31 Јануари 2014, 00:40:22 am »
@desden

И да ти е скроз точен точакот, ќе ти треба време да се подесиш и наместиш на него.

Мене ми се случи на EPIC -от да се подесувам 2 месеца дури ја најдам правата позиција , а на Pinarello -to цела сезона.

Меѓутоа како да знаеш дали ти е точен точакот, барем орентационо:

1. Многу е важно да си барем од прилика подесен на точакот што ќе го тестираш, еве редослед по кој треба да местиш.

2. Почни од висина на седиште (треба ногата да има благ лак во најниската позиција од педалата).

3. Намести позиција напред - назад на седиштето (треба ако пуштиш висок од чашката на коленото, додека педалите се во хоризонатална позиција, да високот од таа точка на коленото покажува дека паѓа врз осовината на педалата

4. Намести агол на седиште. Обично е ова благо надолу, меѓутоа треба да седиш баш на делот од седиштето наменет за тоа, и да не те тера нити напред нити позади.

5. бираш должина на стем, на принцип да рацете ти се благо свиткани на гиданот. Не затегнати, ама не и прелабави, туку онака природни

6. Го подесуваш стемот како висина на начин да не те боли кичма. Одиш на онаа висина, каде што немаш притисок на рацете, ама не те ни тера да си со тежината позади. Треба баш избалансирано, и централно тежиште.

Кога ќе се наместиш вака, повози го точакот барем 10-15-20 км и тоа по некакви тесни патеки, или земја.

Ако ти е голем ќе се бориш со него. Нема да осеќаш дека го контролираш, туку тој ќе те контролира тебе.

Ако ти е премал, ќе имаш одлична контрола, ама ќе сакаш да се истегнеш и ќе го осетиш тоа дека ти е премал.

Идеалн е да имаш одлична контрола, ама да ти е удобно и да седиш баш природно, и да осеќаш дека целата снага од нозете се префрла на педалите, а во исто време не се бориш да останеш во средина.

Пробај намерно еден што сигурно знаеш дека ти е голем, и еден што ти е премал, и ќе го осетиш тоа што ти го опишувам


поздрав

Дарко

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #1641 на: 31 Јануари 2014, 00:49:32 am »
Браво, супер објаснето!  :)

Отсутен desden

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Велосипед
« Одговори #1642 на: 31 Јануари 2014, 15:54:25 pm »
Фала ти Дарко, доста детално објаснување. Од голема помош за неискусни :)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Велосипед
« Одговори #1643 на: 31 Јануари 2014, 19:23:12 pm »
Инаку Specialized Stumpjumper -от што беше и тука објавен со слики е Л големина, и се продава за 800 ЕУР, и плус можност за договор.


Доколку е некој висок измеѓу 180-190 цм, и не го купи пропушта многу.

Инаку нити го знам човекот што го продава, нити го знам конкретниот точак ама вака од сликиве изгледа ептен како треба.

Деловите што ги користи се одлични и дефинитивно треба да го видите.


Да бев јас таа висина ќе го земев да се најде за таа цена (исти ваков донесов од Словенија за пријател за 1600 еур таму, а во Проспорт беше 2500 еур)


Иако е 2010 модел, вреди

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #1644 на: 31 Јануари 2014, 19:54:34 pm »
Изгледа како тoп точак за парите, скоро па невероватна цена за кај нас. Штета што рамката е L величина...

Oгласен е на SPORTY SALE koj го интересира:
https://www.facebook.com/groups/201303700007544/
(нормално, како за секој половен точак, обавезно земање познавач за консултација)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Велосипед
« Одговори #1645 на: 31 Јануари 2014, 20:11:57 pm »
Изгледа како тoп точак за парите, скоро па невероватна цена за кај нас. Штета што рамката е L величина...

Oгласен е на SPORTY SALE koj го интересира:
https://www.facebook.com/groups/201303700007544/
(нормално, како за секој половен точак, обавезно земање познавач за консултација)


Да, таму го видов и јас.. Опремата од која е составен многу лесно се детектира дали има или нема проблем и важи за прилично робусна и издржлива, ама еве што треба да се провери:

1. Ако е пукнат рамот ќе се види (провозување, и веројатно ќе шкрипи), за секој случај лупа, и да не има hair cut пукнатина.

Дури и да е пукнат Specialized треба да го замени под гаранција во случајов (имаат 5 години гаранција на рамовите)


2. Ако има проблеми со амортизерите, дефинитивно лошо ќе работат, и се осеќа тоа. Дури и да е така, FOX от е така направен да лесно се сервисира, и е многу робусно направен. Летоска сам го отворив својот FOX и променив уље. Беше во состојба како да е нов, и ако го имам прилично доста возено. FOX е најдобар амортизер што човек може да купи (Сум возел 3 Manitou, 2 Rock Shox , Marzochi i FOX)

3. Проблем со кочници  би се приметил при провозување, поготово ако се загреат. Не може да се проблематични а да не се примети, така да и ова лесно се открива. Дури и да е така, AVID от исто лесно и евтино се сервисира.


Овие проблеми не се така чести (освен со кочници, ама само резултат на неправење редовен сервис), така да шансата да е проблематичен е мала, и мислам дека е во добра состојба.


VAN, колку си ти висок?




Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #1646 на: 31 Јануари 2014, 20:27:29 pm »
Дап, мислам дека само вилушката му кошта повеќе од пола сума што ја бара. Башка нели Џими (од Бајкстоп) е официјален сервисер за Фокс, и целосен сервис не би требало да е проблем...

176см... ама никако не е L за мене. Сегашниов крш ми е L и дефинитивно ми е осетно преголем. Не бива.
Башка се запалив за 29"ки, сакам таков и тоа ти е... :)


Цитат
6. Јас возам Tubeless Ready гуми, односно ги полнам со STAN NO TUBE млеко. Подобар систем од прав UST Tubeless . Полесни тркала, плус ако се дупне гума се лепи самата при возење..
Читам неколку дена за ова, и не ми е јасно по форуми (еве и ти) што кажуваат за само-лепење со тоа течноста. Ако е тоа нешто како лепак, тогаш како не се стврднува внатре во гумата? А ако не се стврднува тогаш како како се замозалепува кога ќе се дупне гумата?   ;)


Башка како мислиш подобро од прав UST Tubeless?
Oд аспект дека се полесни тркалата/гумите? Ама нели тие Tubeless Ready гумите се странично (латерално) послаби?


Инаку за тие што не читаат, и ги интересира ова, еве еден интересен линк со упатство и појаснување:
http://www.bikeradar.com/gear/article/workshop-convert-standard-mountain-bike-wheels-to-tubeless-27915/

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Велосипед
« Одговори #1647 на: 31 Јануари 2014, 20:33:43 pm »
1. Совет другарски. Во бајкстоп од сервис максимум би однел да залепат гума и толку.

Мои искуства со нив е катастрофален

- Сервис на дискови (основа е да извадиш пакнови пред да мењаш уље, и евентуално ротори).

- Ми ги направија цели ротори и пакнови со уље пошто ем прв пат изгледа сервисираа Магура, ем не ги извадија ни пакновите ни роторите.

Морав да нарачувам нови ротори и нови пакнови

2. Амортизер - Другар ми правеше сервис таму на FOX RLC. Престана да му работи Lockout -от

3. Однесов точак на сервис (стариот). Кога го земав ми викаат пукнат е рамот.

Гледам стварно линија кај делот под седиштето. Ама и чудно беше извлечено колот за седиште како да го возел некој повисок

Испадна дека најверојатно и некој потежок и повисок го возел. Колчето од седиштето беше прилично скратено, па ако било подизвадено веројатно тоа направило да пукне таму рамот.

Итн, итн..


Јас имам доста пари таму оставено по линија дека се знам одамна..Да речеме последен пат Polar RS800 од 400 еур, за кој морав да го молам да ми го продаде. Пред тоа Giant od 2200 еур за мој пријател, итн итн...

Ама после сето ова + катастрофален однос + други нешта + огромна заработка не намеравам ни да стапнам таму.


Ако сервисираш FOX нарачај си од нет (ќе ти дадам адреси), подобри внатрешни прстени, плус оригинално уље ептне е едноставно. Можеш и сам. Ќе знаеш дека све си направил by the book, дека си употребил оригинални делови и уље, и плус поевтино.

Истото важи и за кочници.


За млекото за Tubeless. Полесни се тркалата на овој начин , одколку прав UST, и тоа не за малку.

Како функционира?

Па ако се пробуши гумата, почнува да излегува воздух.. Воздухот го носи млекото во дупката и се засушува и лепи.

Битно е само да се врти тркалото, и затвора веднаш. Мана на ова е што мора да се дополнуваат гумите со млеко на секои од 3 до 6 месеци (зависи колку возиш, во случајов е подобро да се вртат тркалата).

Од све што сум пробал најдобар е STAN NO TUBES SEALENT. Нарачај си го надвор е доста поевтин од тука (бар беше кога прашував).


Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Велосипед
« Одговори #1648 на: 31 Јануари 2014, 20:39:41 pm »
Инаку Specialized Stumpjumper -от што беше и тука објавен со слики е Л големина, и се продава за 800 ЕУР, и плус можност за договор.


Доколку е некој висок измеѓу 180-190 цм, и не го купи пропушта многу.

Инаку нити го знам човекот што го продава, нити го знам конкретниот точак ама вака од сликиве изгледа ептен како треба.

Деловите што ги користи се одлични и дефинитивно треба да го видите.


Да бев јас таа висина ќе го земев да се најде за таа цена (исти ваков донесов од Словенија за пријател за 1600 еур таму, а во Проспорт беше 2500 еур)


Иако е 2010 модел, вреди
Изгледа како тoп точак за парите, скоро па невероватна цена за кај нас. Штета што рамката е L величина...

Oгласен е на SPORTY SALE koj го интересира:
https://www.facebook.com/groups/201303700007544/
(нормално, како за секој половен точак, обавезно земање познавач за консултација)

Одличен е велосипедот навистина!Сум имал прилика и да го пробам.Како брод е кога ќе се качи на него.Инаку другаров не го дава други да го возат,таков си е,па освен него уште само јас го имам пробано :)  Штета,и јас се зачудив кога слушнав дека ќе го продава!Ама можеби и подобро е така кога 95% од времето му стои и не го вози.Се запнал да земе специјалка па поради тоа и го продава.

ТУку се имам зачудено колку е лесен велосипедов а цврст.Неверојатно нешто ??????

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Велосипед
« Одговори #1649 на: 31 Јануари 2014, 20:46:26 pm »
Инаку Specialized Stumpjumper -от што беше и тука објавен со слики е Л големина, и се продава за 800 ЕУР, и плус можност за договор.


Доколку е некој висок измеѓу 180-190 цм, и не го купи пропушта многу.

Инаку нити го знам човекот што го продава, нити го знам конкретниот точак ама вака од сликиве изгледа ептен како треба.

Деловите што ги користи се одлични и дефинитивно треба да го видите.


Да бев јас таа висина ќе го земев да се најде за таа цена (исти ваков донесов од Словенија за пријател за 1600 еур таму, а во Проспорт беше 2500 еур)


Иако е 2010 модел, вреди
Изгледа како тoп точак за парите, скоро па невероватна цена за кај нас. Штета што рамката е L величина...

Oгласен е на SPORTY SALE koj го интересира:
https://www.facebook.com/groups/201303700007544/
(нормално, како за секој половен точак, обавезно земање познавач за консултација)

Одличен е велосипедот навистина!Сум имал прилика и да го пробам.Како брод е кога ќе се качи на него.Инаку другаров не го дава други да го возат,таков си е,па освен него уште само јас го имам пробано :)  Штета,и јас се зачудив кога слушнав дека ќе го продава!Ама можеби и подобро е така кога 95% од времето му стои и не го вози.Се запнал да земе специјалка па поради тоа и го продава.

ТУку се имам зачудено колку е лесен велосипедов а цврст.Неверојатно нешто ??????

Баш овој модел го имам возено на Фрушка гора во Л величина и во М. Паралелно го возев и мојот EPIC. Го нема моментот на пипни трепни од Епик -ов, туку е повеќе за секаков терен  и поуниверзален од Мојот EPic. Во секој случај е XC точак , кој што прави да можеш и без проблем да се качиш секаде (доволно добро влече)

Да речеме дека EPIC от е спортско ауто, а Stumpjumper ов е порелаксиран all around..

Доста е лесен, и доста цврст. По тром е мојот EPIC ама па за некој што сака да може и да се спушта секаде, а во исто време и да качува е одличен точак

FOX от прави плус ќеиф .

Топло препорачувам да се купи. М5 алуминиумот порано им беше racing material , и е одличен (наводно го мешаат со некој тип керамика).

Опремата што ја носи прави да не треба да се смени ништо.